Thursday, 15 January 2015 11:12 Љубов & Секс

Брачниот советник Тим Пик, одлучил да стане најдобриот љубовник и маж во 2015 година...



Тој знае дека со почитување, преземање на одговорноста и искреност, ќе успее во тоа. Тим вели дека ја открил директната поврзаност меѓу подобар секс, забава и близината во врската. Ова се три негови начини за да биде подобар партнер оваа година.

1. Почитувањето е најдобрата предигра

Ја сакам Мег 30 години, но не ја ценев толку многу. Таа беше голем дел од мојот живот, исто како и нашите деца и кучето. Од неа очекував секој ден да ме пречека од работа. Тоа и го правеше. А јас уживав во нејзиното друштво.

Во последните неколку години се научив да ја ценам целосно. За мене почитта значи забележување на најмалите нешта - начинот накој нејзините обетки се согласуваат со нејзините очи, топлината на нејзиното тело, мирисот на нејзината коса. Кога активно го забележувам тоа, станувам повеќе свесен за нејзиното битие. Се усогласувам со неа и се возбудувам. Тогаш и кажувам колку ја ценам и идавам оригинален комплимент како се чувствувам кога сум покрај неа.

Долги години и носам кафе и чај во кревет. Таа вели дека тоа повеќе не зближува.

2. Преземање обврски

Мојата сопруга е способна и силна жена, одгледа три деца додека јас бев зафатен со мојата кариера. Се уште ме обожава кога јас ќе го преземам кормилото, без разлика дали станува збор за подготовка на вечера или планирање на одмор.

Една од работите кои најмногу ја возбудуваат е кога ќе и кажам „јас го средив тоа“. Тоа значи преземање на обврски.

3. Вистината возбудува

Тајната секогаш донесува конфликти помеѓу двајца луѓе и ја убива довербата. Ако со некого делите постела, мора да му верувате.

Кај интимноста е најважно да знаете што има внатре кај другиот. Колку повеќе Мега ја гледа мојата внатрешност, толку повеќе стануваме блиски, а нашата врска е поенергична.

Никогаш не треба да бидете остри со вистината, ниту да ја изнесувате како да е лоша. Не држете ништо во себе - вашиот партнер е тука за да имате со кого да го споделите доброто и злото.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...