Wednesday, 17 December 2014 10:09 Љубов & Секс

Јасно ни е дека нема рецепт, ниту гаранција за совршен брак и љубовна врска...



Секојдневно треба да се работи на односи помеѓу двајца луѓе. Сепак, постојат одредени јасни знаци кои упатуваат дека на врската и нема лек, туку и се заканува распаѓање и развод. Еве кои се тие:

1. Губење на почит - меѓусебното почитување на партнерите е една од најважните состојки за добра врска. Кога почитта исчезнува, еден од партнерите постојано се чувствува отфрлен или понижен.

2. Недостаток на желба за решавање на проблеми - браковите може да „преживеат“ различни работи, од недостаток на секс се до изневерување на едниот или двајцата партнери. Ако едната страна не сака да најде решение, тогаш се наоѓате пред ѕид, кој е тешко да се сруши или прескокне.

3. Платонски односи со поранешни љубовници - неверството може да се прости и заборави, но само ако неверниот партнер ја прекине секоја врска со личноста што била порано во неговиот живот. Не е доволно да кажат само не за сексуална врска со трета личност, туку да покажат и одлучност да ги решат проблемите во бракот.

4. Недостаток на компромис и комуникација - голем дел од бракот се состои од компромиси - се обидувате да ја задоволите другата страна со тоа што истото ќе одговара и на вашите потреби. Отворените комуникациски канали меѓу брачните партнери се неопходни за одржување на рамнотежа. Ако едната страна одбива да ги слуша вашите желби, тогаш вашиот брак има сериозни проблеми.

5. Несогласување за важни прашања - спротивностите се привлекуваат. Спротивните мислења за важни работи би можеле да доведат до брачна криза. Разговорот за потомство е едно од најважните прашања. Ако едната страна многу сака да има деца, а друга страна се противи кон тоа, тогаш пред вас имате дилема која нема позитивно решение за вашиот брак.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...