Tuesday, 08 July 2014 08:25 Љубов & Секс

Група јапонски научници спроведоа експеримент, во кој собрале отпечатоци од прстите на повеќе од 50 000 луѓе. По внимателна анализа тие откриле дека, луѓето со слични отпечатоци имаат и многу заеднички карактерни особини, особено што се однесува до начинот на кој ја изразуваат својата љубов...

На крајот научниците ги разделиле отпечатоците во 8 групи и создале детална анализа. Во која група спаѓате вие? За да дознаете, треба едноставно да го споредите отпечатокот од показалецот на десната рака со моделите од сликата. Во зависност до кој од 8-те отпечатоци најмногу одговара на вашиот, описот под соодветната буква важи за вас.

А. Вие сте исклучително лојални кон партнерот, но само кога сте навистина вљубени. Ако некогаш ви кажале дека сте егоист - ве излажале или се обиделе да ви наметнат вина што не ја заслужувате. Давате доволно во љубовта, но понекогаш ви недостасува ентузијазам, но секој има и лоши моменти. За вас чистите односи се единственото решение, не поднесувате игрички и безсмислено флертување.

B. Можеби на моменти ви се чини дека не сте способни да живеете како останатите луѓе. Мислите дека сте зависник од емоцијата и не можете да се навикнете на рутината. Но, вистината е дека сте од онаа посебна раса, која сака да граби од животот и тешко би се задоволиле со партнер кој не вибрира на вашите фреквенции. Кога ќе го сретнете (а можеби веќе сте го сретнале) својот човек, ќе го препознаете веднаш и ќе дознаете дека, сè што сте си мислеле предходно било погрешно.

C. Имате склоност да ја идеализирате и љубовта, и партнерот. Затоа ве боли повеќе, кога ќе ја видите вистинската страна. Очекувате премногу, освен тоа треба да запомните еднаш засекогаш, дека партнерот не е врачка и не чита мисли. Не може да очекувате да знае што имате на ум. Научете се да зборувате, не бидете пасивни, за да потоа нема разочарувања.

D. Простувате исклучително тешко. Дури и кога станува збор за ситница, тоа може да го промени вашиот став засекогаш. Лесно се разочарувате и тешко се доверувате. Во исто време сте посветени, но некако ви е тешко да ги правите оние мали нешта, кои толку многу радуваат во љубовта.

E. Вие сте романтична личност, но во никој случај и разгалени. Едноставно односите си ги претставувате по еден многу чист начин - без лаги, без навреди, без изневери. Проблемот е во тоа што имате превисоки критериуми кон партнерот, па затоа постои ризик често да сте разочарани.

F. Имате исклучително будна мисла ... додека не се заљубите. Сакате толку силно и страсно што воопшто не размислувате дека може и да се изгорите. Всушност тоа воопшто не ви пречи, бидејќи верувате дека љубовта мора да е разгорена, а не само жешка.

G. Понекогаш ви е тешко да се откриете себе си целосно. Повеќе преферирате да земате отколку да давате. Тоа не ве прави егоисти, само сте претпазливи. Обично сте посаканата половинка. не сте многу лесен карактер за соживот, ако треба да бидеме искрени.

H. Не сте од нај романтичните, дури напротив. Најверојатно сте имале неколку пропаднати врски поради стегнатиот карактер. Преферирате да го следите умот, а не срцето. Летањето во облаците е само во почетокот, а потоа брзо слегувате на земјата.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...