Saturday, 09 January 2010 21:25 Љубов & Секс

Неколку работи кои не смеете да му ги кажете на вашето момче!...

Се гордеете на вашата отворена, слободна и искрена врска. Но, тоа не значи дека треба да кажете се што ќе ви падне на памет! Понекогаш коментарите можат да бидат безопасни за вас, но не е така и за вашето момче...

1. „Моето поранешно момче правеше така!“
Без разлика дали е во позитивна (и двајцата секогаш ви ја придржуваат вратата отворена) или негативна корелација (ниту еден од нив не се туширал често), вашето момче никогаш не сака да слушне дека личи на вашиот поранешен!

2. „Мојата најдобра другарка е бремена, но не кажувај никому!“
Бидете сигурни дека вашето момче не сака да знае ништо за вашите пријателки и нивниот приватен живот. Доколку веќе сте му ја пренеле тајната и тој ја открие на јавноста, вашата пријателка ќе ви биде лута вам, а не на вашето момче!

3. „Кога ќе се венчаме/ќе имаме деца...“

Природно е да фантазирате за блескава венчавка и 3 дечиња кои некогаш ќе трчаат низ заедничкиот дом - вие сте само човечко суштество. Но, понекогаш може да почнете да фантазирате за ова премногу рано. Најмалку што сакате е да го исплашите вашиот партнер. Чувајте ги овие мисли каде што им е местото-во вашата глава!

4. „Само што прднав“
Во мозокот на мажите, жените го користат вц-то само за да ја поправат својата шминка (или во најлош случај, да уринираат). И самите знаат дека се залажуваат, но не сакаат никаков физички или вербален индикатор кој ќе покаже кон спротивното. Со самото кажување дека штотуку сте прднале, веднаш станувате дел од машката екипа и не сте повеќе секси.

5. „Добро сум“ или „Сеедно“
Вашето лице кажува се! Пасивно-агресивно однесување нема да му помогне никому. Не преправајте се дека сте добро или дека ви е сеедно за некои работи кои ви пречат затоа што можете само да ги искомплицирате работите.

6. „Мислиш ли дека онаа таму е привлечна?“
Кога му поставувате вакво прашање, вашето момче знае дека нема начин за да победи. Ако каже ДА, вие најверојатно ќе станете љубоморни, без разлика дали ќе го покажете тоа. Доколку каже НЕ, а девојката навистина е привлечна, ќе го обвините дека е лажго!

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...