Wednesday, 14 May 2014 10:28 Љубов & Секс

Двајцата партнери можат да згрешат во сексуалните врски, затоа добро би било да се научиме на нешто повеќе за како треба да се однесуваме во кревет...



Ова е списокот на најголемите грешки што ги прават жените, со совети за здрав, возбудлив и исполнет сексуален живот.

1. Очекувате да размислува како жена

Ова е една од најголемите причини за фрустрации кај двата партнера. Мажите ги збунуваат жените, а жените не ги разбираат мажите.

Совет: Машкиот и женскиот мозок функционираат различно. Затоа комуникацијата помеѓу двата партнера е многу важна. Ако мислите дека мажите исто го сфаќаат сексот и дека имаат исти сексуални чувства и желби како жените, тоа може дополнително да го влоши сексуалното искуство.

2. Не очекувајте партнерот да ви ги чита мислите

Ниту тој вашите, ниту вие не можете да ги прочитате неговите мисли, затоа научете да ги изразувате своите сексуални потреби и желби.

Совет: Не срамете се, иако ова би можело да биде најмногу поради конзервативното воспитување во вашата средина. Сексуалната комуникација со партнерот е многу важна.

3. Недостаток од иницијатива

Мажите ги возбудува кога жените преземаат иницијатива во кревет и надвор од него. Изненадете го и пречекајте го во секси долна облека после работа.

Совет: Не мора да бидете вулгарни ако тоа не е во вашата природа, имате многу можности, понекогаш е доволен и само секси поглед.

4. Недостаток од спонтан секс

Сексот не мора да се најавува, мажите сакаат кога жените се спонтани.

Совет: Кога ќе го паркира автомобилот, зграпчете го и почнете да го бакнувате кога ќе влезете во вашиот дом, прегрнете го наутро и кажете дека сакате убаво да го започнете денот.

5. Водење љубов само во спална соба

Ова ќе ви биде многу здодевно, слободно користете го кујнскиот стол, троседот, автомобилот, тушот, кадата, итн.

Совет: Монотонијата го убива сексуалниот живот, освежете го со новитети.

6. Сексуална контрола

Сексот не е оружје за да го добиете она што го сакате, туку тој ги зближува луѓето и им нуди задоволство. Одбивањето на секс не е добро само затоа што сте лути.

Совет: Ако одлучите за да се воздржите од секс за да му се одмаздите или да го научите на лекција, внимавајте. Сексот не е оружје за манипулација.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...