Monday, 12 May 2014 08:20 Љубов & Секс

Големината и либидото се две различни работи...



Додека мажите сонуваат за 2-3 см повеќе, жените сакаат да бидат задоволени со добра сексуална кондиција и издржливост. Ако сакате да пронајдете силен маж и да ги препознаете знаците на плодност и силата на либидото, важно е да читате меѓу редови. Овие 5 факти ќе ви помогнат да го препознаете вистинскиот пастув.

1. Пивски стомак

Иако многу жени велат дека стомакот кај мажите е многу секси, бидете внимателни затоа што големиот стомак е поврзан со количината на тестостерон, машкиот хормон задолжен за либидото. Масните наслаги околу половините влијаат најмногу на либидото, односно кај мажите над 30 години.

„Тестостеронот е како гориво кое го покренува автомобилот. Ако е мала количината, тоа значи дека има малку гориво што се манифестира со умор, неволност, намалена сексуална желба и намалена плодност“, објаснува доктор Хери Фиш, автор на книгата „Size Matters“.

2. Физичка активност

Ако ви е важен сексот во вашиот живот, тогаш дефинитвно за вас е физички активниот маж. Припадниците на посилниот пол, кои се занимаваат со спорт или некоја друга физичка активност имаат повисоко количество на машки хормони, а со самото тоа и повисоко либидо.

Тестостеронот е потребен и за зајакнување на мускулната маса, па ако вашиот маж може да се пофали со силни бицепси и секси стомачни, сигурно неговата сила ќе се покаже и во сексуалната сила и издржливост.

3. Алкохол и пушење цигари

Големата количина на алкохол и прекумерното пушење најмногу влијаат врз машкото либидо. Пушењето ги намалува крвните жили, што води кон намален проток на крв во машкиот полов орган, што може да предизвика проблеми со ерекцијата. Истиот ефект го има и алкохолот.

4. Големина на тестисите

Долгорочниот сексуален потенцијал кај партнерот може да се препознае преку неговите тестиси. Нормалните димензии се со големина на ореви. Ако се помали (на пр. ако се големи колку цреша), тоа значи дека имате причина за грижи, помалите тестиси значат и фабрика со помал капацитет за семе.

5. Времетраење на секс

Просечното траење на сексуален однос е 2 минути, а се што е пократко од тоа се смета за прерана ејакулација. За премногу долгиот секс е одговорна и честата мастурбација, како и лековите - антидепресиви.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...