Monday, 23 December 2013 14:31 Љубов & Секс

Расправиите не ги сака никој во љубовна врска, но, ако се обидете да научите од нив можат да бидат многу корисни...



Постојат ситуации за кои нема помош, туку дополнително создаваат негативна енергија. Ако сакате да избегнете расправии со вашиот партнер научете ги овие четири најчести ситуации, поради кои можете да го излудите вашиот партнер.

1. Памти па врати

Честопати поради одредени несогласувања, одредени проблеми не се решаваат во целост, па тука жените многу грешат кога ги потсетуваат мажите за стари ситуации без причина. Ако сакате да избегнете ваква ситуација најдете начин и решавајте ги сегашните проблеми, а нештата што ве повредиле во минатото нека останат таму.

2. Ултиматум


Расправиите не се смешни особено кога станува збор за "валкани игри". Ултиматумите како што се "Ако уште еднаш го направиш тоа јас ќе те оставам" ме се решение за проблемот, на тој начин само ги распламтувате негативните емоции кај партнерот, кој во оваа ситуација буквално е заробен.

3. Игнорирање и тишина

Ладното и резервирано однесување за време на дискусија и понатаму ќе ја разгори нервозата, а нерешените проблеми само продолжуваат да ескалираат и се претвараат во нешто многу полошо и посложено. Надминете ја својата гордост и обидете се да го решите проблемот додека е се уште свеж и актуелен.

4. Хистерични напади

Истражувањата покажуваат дека мажите многу полошо поднесуваат стрес предизвикан од жестока дискусија за разлика од жените. Причината е таа што жените зборуваат многу повеќе за своите проблеми и често ги споделуваат со пријателките, додека мажите ги држат овие нешта во себе и интимните разговори најчесто ги споделуваат само со својата партнерка.

Затоа кога ќе се почувствувате блага хистерија после негативната ситуација во врската, за која разговаравте со блиска личност и потребата за да му ги пренесете насобраните фрустрации на партнерот на крајот на денот, дајте му малку време да се запознае со ситуацијата која ве мачи.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...