Saturday, 02 November 2013 08:51 Љубов & Секс

Научниците откриле дека барањето на љубов е многу успешно, ако се врши во група. Истражувачите тврдат дека доста поатрактивни изгледаат оние кои се дел од групата на привлечни пријатели отколку носителите на сликата "осамен волк" кои постојат сами по себе...

Според научниците, ако човек со просечна надворешност е опкружен со врсници кои изгледаат подобро од него, тогаш во очите на другите неговите надворешни квалитети се зголемуваат. Обично околните ја оценуваат просечната привлечност на друштвото, а тоа значи дека секој "прифаќа" од убавината на пријателите.

"Во вакви случаи средните лица стануваат попривлечни, веројатно поради просекот на непривлечните особености. Веројатно во таков случај вреди да го парафразирам Толстој: Сите убави луѓе се слични, а секој непривлечен човек е непривлечна по себе", вели докторот по психологија Дру Вокер од Универзитетот Калифорнија.

Д- р Вокер и неговиот колега д- р Едвард Вул направиле тестови кои ја илустрале дека навиката да сте заобиколени со убави луѓе ја подобрува атрактивноста на човекот. Тие поканиле за експеримент 130 доброволци, на кои биле прикажани слики на сто лица, чија атрактивност требало да оценат. На некои слики ист човек бил ставен со двајца врсници, а на други - сам. Резултатите покажале дека во група и мажите и жените изгледале попривлечни отколку поединечно. Но ефектот не бил премногу голем - само два проценти.

"Несомнено разликата не е толку голема, но некои од нас се подготвени да се фатат за секоја можност", вели д- р Вул.

Други тестови покажале дека групниот ефект делува дури и ако гледаме само колаж од слики, а не заеднички портрет. Колажи од четири, девет и шеснаесет лица добивале уште повисоки рејтинзи отколку осамени портрети.

"Околните ја гледаат просечната привлечност на друштвото - вели д- р Вул. - Значи непривлечните особености едноставно се намалуваат. Пример ако луѓе со различни црти на лицето (еден со мали очи и друг со многу големи) се наоѓаат еден до друг, тогаш двајцата ќе бидат оценети како доста атрактивни. Тоа нема да се случи, ако тие се заобиколат со луѓе со слични карактеристики и недостатоци".

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...