Tuesday, 29 October 2013 18:39 Љубов & Секс

Во љубовта и војната сè е дозволено. Кога младите жени трагаат по идеален животен партнер, не се двоумат да користат и ниски удари, само за да се ослободат од потенцијалните „конкурентки“...



Припадничките на понежниот пол имаат развиено индиректни и агресивни техники за жените кои ги доживуваат како закана, покажале резултатите од истражувањето на Канадскиот Универзитет во Отава. Дури 52% од тинејџерките ги озборувале девојките за кои сметале дека ќе ги загрозат на љубовен план.

Најчесто јавно коментирале за нивниот физички изглед, подбивајќи се за облеката или телото на „ривалката“, а најчесто измислуваат и ноторни лаги, дека се промискуитетни, глупави, несмасни или било каква негативна особина. За разлика од нив, само 18% од мажите практикуваат ваква тактика.

Озборувањето настанало како резултат на еволуцијата, објасниле експертите. Мажите имаат за цел да спијат со повеќе жени, додека жените сакаат да најдат еден човек кој ќе се грижи за неа и нивното заедничко потомство. Затоа, ако една дама е подготвена полесно да се впушти во сексуални односи, другите жени може да се чувствуваат загрозени и затоа измислуваат причини за да ги оттргнат нивните мажи од неа.

За време на еден експеримент, на млади девојки им е дадена задача да дадат проценка за други жени. Кога била во прашање провокативна и секси девојка со малку облека, речиси сите испитаници рекле дека не би сакале да се дружат со неа, а уште помалку да го запознаат нивното момче со неа.

Едноставно, целта на секоја жена е да биде најпривлечна и прв и единствен избор во животот на нејзиниот партнер.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...