Wednesday, 16 October 2013 10:24 Љубов & Секс

Бракот е многу важен настан во животот на секој човек. Но како избираме човек, со кого да се обврзиме официјално, со кого си ветуваме дека ќе бидеме заедно во богатство и во сиромаштија, во болест и здравје...Група деца беа прашани како ќе одлучиш за кого да се ожениш. Некои одговори се многу забавни, додека други се доста мудри...

Како одлучуваш за кого да се ожениш?
"Треба да најдеш човек кој ги сака истите работи како тебе. На пример, ако сакаш спортови, нејзе треба да и се допаѓа тоа што ти сакаш спорт и треба да ти носи чипс и сос." Алан 10г.

"Никој не одлучува за кого ќе се ожени додека не порасне. Бог решава однапред, а потоа ти сам треба да најдеш човек со кого ти е судено да бидеш." Кристен 10г.

Која е вистинската возраст на која ќе се ожениш?
"23 е најдобра возраст, бидејќи до тогаш го познаваш човекот цела вечност." Камил 10г.

"Ниту една возраст не е добра за брак. Треба да си будала, за да се ожениш." Фреди 6г.

Како може непознат да познае дека двајца луѓе се во брак?
"Може да се забележи, ако тие викаат на истите деца." Дерик 8г.

Што е заедничко помеѓу мајка ти и татко ти?
"И двајцата не сакаат повеќе деца." Лори 8г.

Што прават повеќето луѓе на љубовна средба?
"Средбите се за забава и луѓето треба да ги користат за да се запознаат едни со други. Дури и момчињата имаат што да кажат, ако ги слушате доволно долго време." Линет 8г.

"На првата средба тие кажуваат само лаги, поради што им станува интересно и си прават втора средба." Мартин 10г.

Што би направил на првиот состанок, ако тој се докаже неуспешен?
"Ќе избегам дома и ќе се преправам дека сум умрел. Следниот ден би се јавил на сите весници, за да се уверам дека сите имаат напишано за мене во колоната за починати." Крег 9г.

Кога е правилно да бакнеш некого?
"Кога тие се богати." Пам 7г.

"Законот вели дека мора да имаш 18 години, па јас не би се плеткал во неволја." Курт 7г.

"Правилото е следново: Ако бакнеш некого, тогаш треба да се ожениш за него и да имате деца. Ова е вистинското нешто што треба да го направите." Хауард 8г.

Што е подобро - да си сам или во брак?
"Не знам што е подобро, но ќе ви кажам нешто. Никогаш нема да имам секс со жена ми. Не сакам да бидам одвратен." Теодор 8г.

"За девојките е подобро да се сами, но не и за момчињата. Момците имаат потреба некој да чисти по нив." Анита 9г.

Колку различен би бил светот, ако луѓето не се женеа/мажеа?
"Сигурно многу деца ќе чекаат објаснување, нели?" Келвин на 8.

Што би направил за да имаш успешен брак?
"Кажи на жена си дека е убава, дури и таа да изгледа како камион." Рики 10г.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...