Wednesday, 04 September 2013 14:17 Љубов & Секс

Некои парови немаат проблеми во врската, или барем се обидуваат да ве убедат во тоа, но повеќето нормлани парови ги имаат барем оние малите...

Недостаток на секс
Верувале или не, постојат мажи кои едноставно губат интерес за секс. Со својата девојка имаат однос како да се цимери, а сексот повеќе е исклучок отколку правило. До оваа фаза треба да помине време, но еднаш кога ќе се случи, многу е лесно врската да пукне.

Бившата на Фејсбук
Тој може да тврди било што, но ако комуницира со бившата на Фејсбук, тоа е одличен повод за кавга. Љубомората е една работа, но ако покажува знаци дека сеуште флертува со неа, неговата мала навика може да стане многу иритирачка.

Хркање
Знаеме, не е крив, но тоа не значи дека не иритира. Некои парови имаат толку проблеми поради хркањето што на крај поради тоа и прекинуваат, а тоа нам ни е сосема јасно. Ненаспиената жена може да изговори секакви работи кои можеби никогаш не и паднале на памет.

Неговата мајка
Не како личност во неговиот живот, туку како личност во вашата кујна и вашата интима. Веруваме дека таа мисли дека знае најдобро, но дека кога ќе почне да се меша во работите во кои не би требало, многу е лесно да се изгуби трпението, но и дечкото кој е на нејзина страна.

Даската од вц школката
Знаеме дека е клише, но за тоа постои добра причина. Не би верувале колку врски завршиле токму поради кавги кои ги покренала даската од вц школката. Почнува така, а завршува на љубомора, неверство и неговите способности во кревет, и многу бргу од досадна врска може да дојдете до драматичен прекин.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...