Monday, 15 July 2013 11:15 Љубов & Секс

Нормално е во секоја врска повремено да има несогласувања и кавги, но што со тоа навистина сакаме да постигнеме? Некогаш ги браниме своите убедувања, се инатиме, нервозни сме, сакаме да наметнеме свое мислење... Сепак, најмногу се караме кога сакаме да докажеме кој има моќ во врската, покажала новата студија...

Истражувачите дефинирале две причини поради кои најчесто доаѓа до кавги. Во најголем број, тоа се ситуации кога едната страна се чувствува запоставено, или кога мисли дека е загрозена и под закана, односно дека партнерот е премноги критичен и премногу бара.

Се покажало дека најголем број учесници во истражувањето не се подготвени да трпат критика од партнерот и дека поради тоа најчесто влегуваат во расправа.

Професорката по психологија и неврологија, Кејт, Сенфорд, која ја предодела оваа студија, барала од учеснциите во истражувањето да објаснат на кој начин нивните љубовни партнери би можеле да го променат своето однесување во цел решавање на конфликтот.

Кога требало да одговорат на тоа прашање, повеќето учесници одговориле дека партнерот можел да престане да им противречи и да се однесува надмоќно. Со други зборови, резултатите покажуваат дека повеќето сакаат да имаат контрола и моќ во врската и дека не се подготвени на компромис кога станува збор за тоа.

"Вообичаено е партнерите да бидат чувствителни кога се во прашање моќта и контролата кога се носат одлуки во врската", рекла Сенфорд.

Секако дека понекогаш ќе дојде до кавга со партнерот, но дали сте размислувале за тоа зошто се расправате? Без оглед дали мислите дека сте во право или сакате да покажете дека ги држите "конците во свои раце",кога ќе сфатите што е причината, ќе знаете и како најдобро да го решите проблемот.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...