Saturday, 15 June 2013 08:35 Љубов & Секс

Дали кажуваме доволно често "те сакам"? Дали го кажуваме воопшто? А што не запира да го правиме тоа? Статистиката говори дека жените ги велат почесто овие два збора со големо значење, но пак од друга страна поголем е бројот на мажи кои го кажале први. Многу од нас сепак се плашат од тоа "Те сакам". Ајде да видиме кои се најчесто наведувани причините за тоа и колку пати на ден треба да го кажуваме...

Доста луѓе сметаат дека изговарањето на оваа фраза не е потребно. За нив овие зборови немаат вистинско значење и се само суета. Тие тврдат дека ниту веруваат кога слушаат од некого, ниту кога тие самите го кажуваат. Можеби навистина чувствата не можат да се искажат со зборови или пак романтиката е умрена во тоа комерцијално време ...

Мажите изјавиле дека им е тешко да кажат "Те сакам" и многу долго време се колебаат дали воопшто да го сторат тоа. Тие тврдат дека тоа ги понижува, и ги тера да се чувствуваат слаби. А мачовците сакаат да ги држат работите под своја контрола и да си даваат вид на водич во врската.

Од друга страна, жените се плашат да ги кажат овие зборови, бидејќи не се сигурни дали ќе им возвратат со исто. Тие сметаат дека кога ќе ги откријат своите чувства, човекот покрај нив ќе се обиде да ги контролира преку емоциите.

Во исто време, сепак, постојаните објаснувања во љубов исто така не се добра опција. Тие ги прават чувствата безмислени и ги претвораат само во навика. Наутро, кога станувате, не си велите "Добро утро", туку "Те сакам". Постојаната употреба на овие два збора  води до нивното избледување и тие ја губат својата вредност.

Вистината природно се наоѓа во златната средина. Не треба да ги потиснете чувствата, дури и да има опасност да ви наштетат, тоа е дел од играта. Во исто време не треба да претеруваме со слатките зборови, бидејќи човекот покрај нас ќе одлучи дека тие немаат особено значење за нас, туку едноставно преминале во една пријатна навика.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...