Thursday, 13 June 2013 18:24 Љубов & Секс

Многу дами се загрижени дали водењето љубов за време на бременост може да го загрози фетусот...



Ако не постојат никакви пречки од здравствена природа, сексот е дозволен до пред породувањето.

Жените за време на бременост треба да уживаат во сексот, сè додека таа се чувствува добро. Немојте да се изненадите ако страстите ве држат се до моментот кога ќе пукне водењакот!

Водењето љубов нема да му наштети на бебето, плацентата и силните мускули на матката дејствуваат како еден вид на заштитен тампон, па не постои страв од било каков вид на инфекција.

Сепак, кога станува збор за сексуалната желба, секоја трудница е приказна за себе. Постојат оние на кои вишокот на либидото не им попушта 9 месеци, а постојат и оние на кои сексот им е последното што им паѓа на ум. Совет од експертите е да продолжите со активностите во спалната соба, се додека ви е убаво, бидејќи оргазмот го зајакнува вашиот и бебешкиот имунолошки систем за неверојатни 20%!

Во текот на првото тримесечје, поради гадење и наплив на хормони, често доведува до пад на сексуалната желба, но со текот на времето телото се прилагодува за повторно да се распламти страста. Како бременоста напредува, жените се способни да доживеат оргазам како никогаш порано во животот, а сето тоа е благодарение на природниот лубрикант, кој се лачи и го зголемува протокот на крв во предниот дел на карлицата. Гениталиите почнуваат благода отечуваат, а вагината набабрува, така што задоволството на двајцата партнери станува бесценето.

Ако не успевате да се ослободите од стравот за своето бебе, тоа не значи дека треба да се откажете од секс. Наместо пенетрација, вниманиете повеќе насочете го кон задоволување со клиторисот, затоа што и „магичното копче“ е чувствително за време на овој период. Единствено што партнерот треба да обрне внимание е дека за време на орален секс да не дува во вагината, бидејќи може да се создаде воздушен чеп кој може да го загрози бебето.

Без разлика колку бремената жена се чувствува подуена, дебела и непривлечна, повеќето мажи ги доживуваат своите партнери посекси од било кога, бидејќи бременоста за нив е знак на плодноста, на која ретко кој може да и одолее.

Со некои удобно перници и не премногу агресивни пози, идните родители може да се чувствуваат слободни и нека се препуштат на нивните сексуални фантазии и на вистински начин да го поминат времето додека чекаат нивното дете да дојде на овој свет.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...