Monday, 27 May 2013 13:05 Љубов & Секс

Колку често се прегрнувате и се држите за раце? Резултатите од неодамнешни истражувања покажуваат дека  блискоста со саканата личност е добра за здравјето...

Со векови, уметниците се обидувале да ја опишат љубовта преку поезија, сликарство, музика...Во изминативе неколку години научниците преку различни истражувања успеале многу подобро да ја разберат таа емоција и нејзиното значење за нашето здравје.

Кога сме со личноста што ја сакаме, нашиот мозок произведува хормони како оскитоцин и допамин кои го потикнуваат чувството на задоволство и доверба. Исто така, благодарени на тие хормони, ние сме среќни, се намалува нивото на стрес и нервоза.

За повеќе производство на окситоцин во мозокот и со самото тоа и зголемено чувство на среќа и задоволство, доволно е да се  во близина на личноста која ја сакате, да се држите за рака или да зборувате за убавите спомени кои ги имате.

Резултатите од неодамнешно истражување покажале дека крниот притисок кај луѓето е понизок кога се во близина на партнерот или некоја личност со која би сакале да бидат во врска.

Друга студија покажала дека сингл мажите и жени имаат околу 60% поголеми шанси за инфаркт од оние кои се во среќна врска или брак. Значи, љубовта е добра за срцето.

Постои заблуда дека лицата кои се во долги врски го запуштаат својот изглед и добиваат вишок килограми. Научниците тврдат дека тоа им се случува само на неквалитетните врски, во кои партнерите кои се незадоволни од односите утеха бараат во храната.

Од друга страна, парнерите кои се во среќна врска, се потикнуваат еден надруг да се грижат за своето тело и често заедно посетуваат теретана.

Исто така, паровите кои се во брак или сериозна врска се грижат еден за друг, си пружаат подршка и многу полесно се справуваат со проблемите.

Дури и ако еден од парнерите има некои нездрави навики, овде е другиот да му помогне да се ослободи од нив. Не е тајна дека луѓето кои се во брак подолго живеат од оние кои сакаат соло живот.

Иако делува досадно, фактот дека паровите почесто уживаат во домашниот оброк кој сами си го подготвиле, исто така значи дека поздраво се хранат. Истражувањата покажале дека рестораните за брза храна повеќе ги посетуваат лица кои не се во врска или брак.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...