Wednesday, 22 May 2013 21:13 Љубов & Секс

Мажите, како и жените уживаат во внимание, нежност и убави зборови...



Никогаш немојте да престанете да го заведувате вашиот партнер.

Жената никогаш не треба да престане да се труди да му биде убава, секси и привлечна на својот маж. Само така ќе успее да се задржи здрав однос на долг рок. Бидете полни со самодоверба, секогаш дотерани и насмеани. Време е за акција.

Внимание

Верувале или не, вниманието за мажите е многу важно. За некои работи се како деца, жедни се за внимание и нежност од вас и ако не го добијат тоа стануваат лути. Брачниот советник Мајк Дов вели дека жените се навикнати да прават повеќе работи одеднаш, а мажите секогаш се решаваат на една обврска, затоа често им се чини дека жените не обраќаат внимание на нив.

Љубовта влегува преку устата

Старата поговорка дека љубовта влегува преку устата е точна во машкиот свет. Ако од време на време му го подготвите неговото омилено јадење, ќе биде воодушевен и благодарен.

Дотерајте се за него

Машкиот мозок реагира визуелно за разлика од жените, а тоа значи дека мажот веднаш ве забележува кога ќе се доотерате, без разлика колку долго сте заедно. Ако сакате да го заведете, облечете црвен фустан. Една студија од Универзитетот во Рочестер покажала дека оваа боја делува како афродизијак за мажи.

Немојте да се запустите

Здравиот начин на исхрана, вежбање, доброто здравје и изгледот не се важни само за вас, туку и за вашиот маж. Никој не сака да има покрај себе партнер кој не се грижи за своето здравје и својот изглед.

Време за пријатели и хоби

Мажите често се плашат да им кажат на своите сопруги или девојки дека планираат да се дружат со старите пријатели или да одат на натпревар. Треба да бидете свесни дека со тоа долгорочно го фрустрирате вашиот партнер, затоа што секој човек на оваа планета има потреба од такви дружења. Пуштете го нека ужива во машките активности, а истовремено и вие посветете си се себеси.

Побарајте совет

Разговорот со вашиот партнер и советувањето може добро да влијае врз вашата врска. Самиот факт дека ви значи неговото мислење ќе го врзе уште толку повеќе партнерот за вас и вашиот однос ќе израсне и ќе се издигне на повисоко ниво. Впрочем, вам воопшто нема да ви дојде лошо поддршка од него.

Секс

На почетокот на врската секогаш сме полни со страсти, но со текот на времето треба да се потрудиме повеќе за да имаме добар секс. Жените често имаат изговор дека се уморни и оптоварени со обврски, но сè се сведува на нашата добра волја. Не мора да водите љубов со часови. Еден брзински секс сигурно ќе ви го подигне расположението и духот и ќе ве наполни со енергија.

 

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...