Thursday, 16 May 2013 13:07 Љубов & Секс

Заборавете на романтичните мали разговори во спалната соба, милиони луѓе преферираат да одговорат на работните меилови и да проверат Фејсбук отколку да му обрнат внимание на својот партнер...

Речиси половина од испитаниците на возраст од 16 до 34 години во кревет проверуваат пораки на своите смартфони, таблети или лаптопи, покажува новото истражување. Една од десет личности во оваа група признава дека тоа го прави секоја вечер.

Кети Тул, од компанијата "Future Fondation", која го спровела истражувањето, вели дека времето пред спиење за многу луѓе веќе не е период на опуштање. "Тоа е време за интернет", вели таа.

Студијата исто така покажала дека 68% од лицата на возраст од 25 до 34 години никогаш не ги исклучиле своите мобилни телефони што значи дека секогаш се достапни и поврзани.

Резултатите истакнуваат дека технологијата се побргу ги руши границите помеѓу работата и дома. Истражувањето исто така покажало дека една од четири вработени лица во Велика Британија поради последица на економската криза работат повеќе часа, а 14% работат и за време на викендите.

"Тоа го наметнува прашањето: дали технологијата е непријател на романтиката и дали присутните паметни телефони и Фејсбук ќе станат најчестите наведени причини за развод", наведува портпаролот на компанијата "Future Fondation".

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...