Tuesday, 09 April 2013 12:02 Љубов & Секс

Односите меѓу половите секогаш биле предмет на анализа, бидејќи материјата е бескрајно сложена. Факт е дека често мажите не ги разбираат зборовите и делата на жените, дамите исто така се чувствуваат на овој начин, во многу случаи, кога треба да се разбере посилниот пол. Постојат реплики и зборови, кои јасно укажуваат што сака да каже секој, особено ако се кажани со одреден тон...

Прашањето "Кога се очекува бебето?" Поставено на жена, која во реалноста не е бремена, беше прогласено за најлошо нешто што еден човек може да и каже на една дама, покажува британско истражување.

Оваа груба реплика го презема врвот на листата со 26%. На второ место доаѓа афирмативен одговор на прашањето "изгледа ли голем мојот задник во тоа?" Наведен од 17% од учесничките во анкетата. 13% сметаат дека најголема навреда што еден човек може да икаже на жена, е "Изгледаш уморно", следено од "Смири се, душо" со 12%. На петто место е прашањето "Ќе имаш ли потреба од помош да се паркираш, душо?" со 11%, а коментарот "Со секој изминат ден се повеќе личиш на мајка ти" е на шестото место со 8%.

Фразата "Нели ти реков" е непростлива за пет проценти од учесничките, бидејќи според многумина таа е резервирана само за жените. Прашањето "Колку плати за оваа фризура?" се смета за навреден од 4 отсто од испитаниците. На деветтото и десеттото место се прашањата "Дали треба да го јадеш тоа?" и "Немаш ли работа со правосмукалка?", односно за 3% и 1%.

Портпаролот на сајтот Paintballing.co.uk кој го оствари истражувањето, вели: "Понекогаш мажите ги велат овие работи на жените, мислејќи дека тие ќе ги прифатат со исто чувство за хумор, со кое биле кажани. Но, често тоа не е така. Воопшто не сум изненаден", дека "Кога се очекува бебето?" предводи листата, бидејќи ниедна жена не сака да биде сметана за толку дебела".

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...