Monday, 04 March 2013 14:22 Љубов & Секс

Сексот лекува главоболка, а авантурите меѓу прекривката се дури поефикасни од посета на лекарскиот кабинет, открија германски научници...

Над половина од учесниците во истражувањето кои страдаат од мигрена, кои имале секс по напад на главоболка, почувствувале подобрување, а 20% целосно ја излечиле болка, открија научниците.

Според едно од објаснувањата сексот помага, така што предизвикува излачување на ендорфин во телото, кој делува на централниот нервен систем, намалувајќи или елиминирајќи ја главоболката.

"Резултатите од истражувањето покажуваат дека сексуалната активност за време на напад на мигрена смирува или дури го запира пристапот во одредени случаи, а сексуалната активност при главоболка не е невообичаено однесување. Сексот може да ја спречи мигрената и сексуалната активност е користена од страна на некои пациенти како силен лек против главоболка ", соопштија научниците.

Долго време се сметаше дека сексот предизвикува главоболки. Но, при новата студија научниците анализирале дали се точни шеговитите приказни дека тој всушност ги ублажува симптомите на мигрена и на еднострана главоболка (при што главоболката е само во едната половина на главата).

За целите на студијата невролози од Универзитетот во Германија, собрале податоци за 400 пациенти со двата типа на главоболка, кои биле лекувани над две години. Тие утврдиле дека 33% имале секс за време на главоболка. Од нив, 60% од оние што страдаат од мигрена и 36% - од еднострана главоболка, добиле подобрување. Користа од сексот е воочлива повеќе кај мажите отколку кај жените, така што 36% користат сексуалната активност како терапија за справување со главоболка. Само 13% од жените го користеле сексот, за да се борат со главоболката.

Од пациентите кои страдаат од мигрена кои почувствувале болка, 19% добиле целосно олеснување на симптомите на главоболка, 51% почувствувале умерено олеснување, а 29% пријавиле малку олеснување.
"Вкупно 42,7% од оние што страдаат од мигрена добиле најмалку 50% олеснување на болката, реакција која е еднаква на истражувањата на силни лекови", посочија научниците.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...