Thursday, 07 February 2013 14:00 Љубов & Секс

Истражување на сајтот "realbuzz.com" покажува дека мажите и жените се надеваат на сосема различни нешта на 14 февруари...

Традиционално мажите ќе им купат цвеќиња на дамите, за да ја покажат приврзаноста. 45% од претставниците на посилниот пол сметаат дека тоа е совршен начин да кажат "Те сакам". За жал само 4% од жените се согласуваат.

14% од Британките велат дека би го оставиле партнерот, ако добијат пари како подарок за Денот на вљубените. 3/4 од жените би сакале нешто лично како рачно напишано писмо или песна. 20% од мажите сметаат дека испраќање на романтична СМС порака е посоодветно.

Повеќето мажи на Островот планираат на партнерката да и подарат сексапилна долна облека за Денот на вљубените. Но, 1/5 од жените никогаш не ја носат долната облека, која им ја подарил партнерот. Речиси 2/3 од мажите признаваат дека се уште немаат планови за празникот, а 30% од жените очекуваат партнерот да испланира сè.

Но, ако сепак мажите одлучат да ја однесат партнерката на ресторан, треба да бидат подготвени да ја платат целата сметка, бидејќи една третина од жените не очекуваат да го платат својот дел од сметката во празничната вечер. Ако, пак, мажите одлучат да не и подарат ништо на партнерката, бидејќи не можат да се сетат за нешто такво, идејата не е воопшто добра. 53% од жените велат дека би го напуштиле партнерот, ако не добијат подарок за Денот на вљубените.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...