ВИЦ
Полжав ТОП ВИДЕО |
Sunday, 11 October 2009 18:17
Љубов & Секс
Голем број на жени, причините за лошиот сексуален живот ги бараат во партнерите...
Сепак за танго се потребни двајца, па затоа најдобро да се свртете кон самите себе и да проверите кои се грешките што ги прават припадничките на поубавиот пол, за кои ги криват мажите. Причините за престанокот на страста во спалната се различни, а последиците се добро познати. Заладување на односите, избегнување допири и разговори кои завршуваат со расправии сите знаеме кон што води.
Обидете се да внесете мали промени кои ќе ги разгорат старите страсти. Мажите често се исполнуваат со една причина, а таа е дека нивните партнерки не се заинтересирани за секс. Уверете ги во спротивното. Доброто се враќа со добро, затоа вложете и уживајте. Дколку не сте задоволни со изгледот, време е да го променете своето мислење. Вашето тело е такво што е, и не допуштајте да ви пречи тоа за време на сексот. Претворете ги своите недостатоци во предности и фалете ги своите партнери. Мажите сакаат да слушнат дека се одлични љубовници. Разговарајте за тоа, и партнерот нема повеќе да го примети вишокот на килограми на критичните зони. На мажите им е потребна нежност исто како кај жените, а статистиката покажува дека паровите кои имаат добра врска и добар меѓусебен однос, имаат и одличен сексуален живот.
Помладите мажи се спремни да имаат секс секогаш и секаде, но со годините тоа се менува. Обврските, стресот и нервозата за семејството многу влијаат на машкото либидо. Време е да си признаете дека понекогаш немате желба за секс, но и дека понатаму се сакате. Кај мажите значи исто правило. Разговорот за сексот и работите кои ви одговараат можат да ги зајакнат односите и да го разгорат пламенот во спалната соба. Ова ќе ви помогне да ги избегнете оние тешки моменти кои знаат да ве повредат доколку вашиот партнер нема да успее да ви пружи оргазам. Тој незнае што сакате и посакувате доколку не му кажете. Направете едноставен рецепт од работи кои ви одговараат и наведете го партнерот да се послужи со тие состојки. Не возбудувајте се доколку партнерот ви предложи новитети, тоа може да резултира со подобар секс и појак оргазам. Доколку предлогот е сепак премногу за вас, тоа му го објаснете и наведете му ги причините зошто тоа несакате да го испробате. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|