Thursday, 31 January 2013 11:08 Љубов & Секс

Секој пар се кара, а ако кавгите се толку неизбежни, подобро да бидат продуктивни. Овие четири се дури и навистина корисни да ги направите...

За својата слобода
Некои момци сакаат да ги критикуваат своите девојки дека премногу трошат, иако станува збор за пари кои сама ги заработила. Кога ќе влезете во врска, јасно дека некој тука и таму ќе ви се плетка во одлуките и ќе се обидува да ви ја намали слободата која ја имате, а токму поради тоа добро е веднаш на почетокот да поставите граници. Како трошите, со кој пиете кафе и како се однесувате на Фејсбук може да биде интерес за вашето момче, но тоа не му дава право нешто да ви брани.

За здравиот живот
Многу парови го имаат овој проблем. Тој ветувал дека ќе престане да пуши и никако не се држи до тоа ветување. Со почит на нечија лична слобода, но, сепак мораме да водиме сметка и за своето здравје, па така ултиматумот: или јас или цигарите - никогаш не е лоша опција.

За сопствените чувства

Не можете секогаш да се согласувате. Тој можеби сака работите да се поопуштени, вам ви е помило кога ќе ви се јавува секое утро штом се разбуди. Не велиме дека тој е крив или дека вие сте во право, но околу ова мора добро да се скарате за да најдете добро и прифатливо решение за двете страни.

За својата удобност

Тој сака да ја остава даската крената, вие сакате на мијалникот да ги оставате ватите со кои сте ја чистеле шминката. Него го нервираат вашите вати, вам неговата даска која никогаш не ја спушта. Овде имате повеќе опции: Можете да продолжите да си одите на нерви, можете да прекинете бидејќи не се согласувате или може да се скарате и да дојдете до компромис кој ќе биде добар и за двајцата.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...