ВИЦ

Трпе отишол во земјоделска аптека и побарал спреј против бубачки. Продавачот му рекол:
- Има од 100 денари што убива 1.000 бубачки и од 50 денари што убива 500 бубачки.
Трпе се свртел да замине, а продавачот го прашал:
- Каде одиш?
- Одам да ги избројам бубачките.

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Thursday, 24 January 2013 14:18 Љубов & Секс

Ако еднаквоста на половата цивилизација е достигната, крајно време е некој да почне да води сметка и за тоа што сакаат мажите, зарем не? Врската би требало да биде рамноправна, а сепак многу почесто се зборува за тоа што ги прави жените среќни...Да видиме што сакаат мажите...

Шарм
Ако жената на мажот може да му измами насмевка, доволно е шармантна да може да се "извлече" од било која ситуација и тоа на мажите често им е неодоливо, толку што понекогаш дури и се враќаат на жената која ги повредила во минатото.

Величествено тело

Вкусовите, секако, се разликуваат, но секој маж има нешто на што е слаб: задник, гради, нозе...Но, кога по улици ќе помине девојка која го има тоа "нешто", ќе се свртат по неа.

Убаво лице
Критериумите кои одредуваат која девојка е згодна се менуваат со текот на годините. Една сезона "во мода" се слаби, друга жените со облини. Но, убавото лице секогаш е на врвот на сите машки желби. Но, сепак не треба да се заборави дека убавината е минлива, и дека жената треба да ве исполнува на секој можен начин. Во кревет одете со онаа покрај која сакате да се будите.

Искреност и доверба
Најуспешни односи се градат на доверба. Се друго се наоѓа на кула од карти. Но, тоа е двонасочна улица. Бидете искрени кон жената со која сте во врска, само тогаш можете исто да го очекувате и од неа.

Почит
Секој маж сака да биде почитуван. Сепак, никој не сака да биде во врска со жена која го "спушта" во друштво на пријателите.

Смисла за хумор
Ова обично го велат жените кога ќе ги прашате кои квалитети би требало да ги има мажот со кој се во врска. Па, и за нив тоа е приоритет. Сите покрај себе сакаме некој кој ќе умее да не насмее.

Интелигенција и самодоверба
Клучни квалитети за градење врска која има преспектива. Мажите сакаат врска со интелигентна, амбициозна жена која верува во себе, која ќе ги мотивира да бидат подобри.

Нежност
За нежност сите копнееме. Кога ќе наидат лоши периоди, ни треба некој кој ќе умее да не утеши, да ни каже нешто убаво, да молчи со нас кога е време за молчење. Но, доброто со добро се враќа, тоа не би требало да го заборавите.

Љубов
Тоа е она за кое сите трагаме, а само ретки среќници успеваат да го досегнат...Звучи лигаво? Можеби. Дали е вистинито? Сигурно.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...