Wednesday, 23 January 2013 08:58 Љубов & Секс

Добриот сон во текот на ноќта прави чуда за вашата здравствена состојба, но и за љубовниот живот. Кога убаво ќе се наспиеме, помалку сме себични и имаме повеќе разбирање за партнерот...

Лицата кои имаат проблеми со спиењето почесто го земаат партнерот здраво за готово, раздразливи се и себични. Оние кои во текот на ноќта убаво се наспиваат имаат повеќе трпение, склони се кон заедничко решавање на проблемите и ја инспирираат личноста со која се во врска да биде подобра.

Научници од Беркли спровеле истражување во кое учествувале 60 парови на возраст меѓу 18 и 56 години, а од испитаниците се очекувало да водат "дневник за спиење" и да бележат дали во текот на денот биле љубезни кон партнерот или биле расположени за кавга.

Во другата фаза на испитување од паровите се очекувало заеднички да решаваат одреден проблем.

Резултатите покажале дека лицата кои во текот на ноќта добро се наспиваат се пољубезни кон партнерот, поретко се расправаат и подобро соработуваат во заедничките решавања на проблемите, охрабрувајќи го партнерот ако почне да попушта.

Исто така, забележано е дека лицата кои немаат проблеми со несоницата повеќе го ценат партнерот и тоа често му го кажуваат.

"Ненаспиеноста не прави себични. Лицата кои имаат проблеми со спиењето ги ставаат сопствените потреби на прво место, а во состојба се целосно да ги занемарат желбите на партнерот. Дури и ако вие сте спиеле "како јагне", ако вашиот партнер е ненаспиен на крај и двајцата ќе бидете раздразливи, а таа состојба веројатно ќе резултира со кавга во текот на денот", вели психилогот др. Рјми Гордон.

Еве добра причина вечерва и двајцата да одите порано во кревет.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...