Tuesday, 15 January 2013 12:04 Љубов & Секс

Мажите се визуелни типови, жените "паѓаат" на зборови...Мажите се импулсивни, жените сакаат се да анализираат...И додека жената се топи кога ќе слушне "те сакам", мажот е среќен ако тоа му се покаже на дело...

Вашето неподелено внимание
Ако во текот на вечерата цело време пишувате пораки и не го испуштате телефонот од рака, тој тоа го толкува како "не си ми доволно важен". Затоа вниманието фокусирајте го на него, одржувајте контакт со очите и слушајте го тоа што ви го зборува без упаѓање. Така праќате сигнал дека ви е важен и дека го сакате.

Згответе му нешто што сака
Но, не затоа што "патот до неговото срце оди низ стомакот", туку затоа што тоа значи дека знаете во што ужива и дека тоа ви е важно. Тоа е силен знак на внимание со кој ќе покажете дека сте мислеле на него во текот на денот.

Облечете фустан во кој сака да ве гледа
Средете се, дури и ак не одите никаде. Средете се повремено баш затоа што не одите никаде, само за него. Секси долната облека и соодветниот фустан значат "те посакувам". А најдобар афродизијак за него е вашата желба.

Кога ќе помислите дека е згоден, кажете му го тоа
Сите сакаме да слушнеме дека сме убави, дека сме добри во нешто, особено од луѓето кои ни се драги. Сепак, кога подолго сме во врска, се случува некои работи да почнат да се подразбираат. Потсетете го понекогаш дека ви се допаѓа, дека за вас е неодолив иако сте заедно веќе "сто години", дека уживате во погледот на него додека е задбалочен во нешто што го прави, толку што не забележува дека го набљудувате...

Охрабрете го да го минува времето правејќи го она што го прави среќен
Понекогаш можеби имате чувство дека од секојдневните обврски немате време ниту да се видите, но без оглед на тоа, не муртете се кога тој посака да оди на фудбал или пијачка со пријателите. Еден начин да изразите љубов е да му овозможите слобода да го прави тоа што во тој момент ќе го расположи, без приговарања кога ќе се врати дома.

Пергрнете го
Наместо да го бакнете пред да одите на работа, прегрнете го, нека таа прегратка потрае малку подолго.

Секс "на брзина"
Сексот кој трае долго, со предигра и галење кое следи подоцна е супер, но сексот "на брзина", кога немате многу врме, додека се спремате за работа, може да биде вистинско освежување.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...