Friday, 11 January 2013 12:45 Љубов & Секс

Сексот е добар за здравјето, тоа веќе го утврдивме. Но, како ќе делува зависи од тоа колку често им се препуштате на страстите. Еве што може да очекувате секој пат кога ќе ви се "посреќи"...

Еднаш неделно
Сексот еднаш неделно позитивно влијае на одржување на вашата линија. Водењето љубов потикнува лачење на окситоцин, хормонот на љубовта, кој освен што потикнува блискост меѓу партнерите, допринесува и за мирен и квалитетен сон. Повеќе сон, помалку килограми, затоа што спиењето го регулира лачењето на хормоните грелин и лептин кои се одговорни за чувството на глад.

Два пати неделно
Лицата кои во сексот уживаат најмалку два пати неделно имаат 30% повисоко ниво на имуноглобин кој на организмот му помага да се одбрани од болести. Ако имате редовен секс, имунитетот ќе ви биде посилен, па поради тоа помали се шансите да "закачите" некоја инфекција. Бидејќи сега е сезона на грип, знаете што треба да правите.

Три пати неделно
Многу позабавна е акцијата во кревет со личноста која ја сакате отколку во теретана зарем не? Сексот го зголемува бројот на отчукувања на срцето и ја забрзува циркулацијата на крвта. Луѓето кои уживаат во сексот најмалку три пати неделно се изложени на половина помалку ризик од инфаркт од оние кои ја немаат таа среќа.

Четири пати неделно

Сексот четири пати неделно ќе направи чуда за вашиот тен. Ако често сте "зафатени" со спалната соба, подолго ќе останете млади. Во текот на сексот се зголемува производството на колаген, кој ја спречува појавата на брчки и пеги на кожата. Квалитетниот сексуален живот допринесува за блескав тен и сјајна коса.

Пет пати неделно
Редовните сексуални односи го креваат општото ниво на енергија, не прават оптимистични и креативни (во сите области не само во кревет). Освен тоа, вашиот однос со партнерот ќе биде поквалитетен.

Шест пати неделно
Сексот не прави попаметни. Подобра циркулација значи дека и мозокот работи подобро, а кога ќе доживееме оргазам доживуваме и "експлозија" од хормони, од кои многумина влијаат и на нашите интелектуални моќи на најпозитивен можен начин.

Седум пати неделно
Ако успеете ова да го изведете, секоја чест, значи дека не дозволувате "отежнувачките фактори" како стресот на работа на пример, да ве спречи да уживате во животот. Редовниот секс го намалува нивото на стрес и ја ублажува анкциозноста која е толку честа во денешно време, а објаснувањето за тоа веројатно се крие во зголеменото лачење на ендрофинот кое го предизвикува водењето љубов.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...