Tuesday, 20 November 2012 09:43 Љубов & Секс

Да се биде само со една жена до крајот на животот за многу мажи не е најголема грижа за која размислуваат кога станува збор за бракот, но тоа не значи дека немаат страв. Ова се неколку причини поради кои бракот не им е омилен...

Нема да бидат во прв план
Со работата, децата и останатите дневни обврски, на својот маж нема да имате време да му ја подарите количината на внимание на која досега навикнал, а тоа значи дека ќе се чувствува малку запоставено. Половина час на ден поминете сами во разговор, а темите како деца, пари и роднини се забранети.

Ќе се претворите во својата/неговата мајка
Иако ги цени квалитетите кои го потсетуваат на неговата мајка, мора да имате на ум дека нему не му треба додатен родител.

Ќе ја оставате вратата од тоалетот отворена
Можеби ви се чини смешно, но мажите се згрозуваат од пимислата на ваквата доза опуштеност. Живеете заедно веќе некое време па навистина не треба да го откриете и ова последно парче интимност кое го имате.

Ќе престанете да водите љубов
Иако со бракот во пакет доаѓаат сигурност, доверба и големо ниво на поврзаност, монотонијата и мрзеливоста исто така се неизоставни делови на оваа заеднива. Но, ако и двајцата бидете посветени на мисијата да се правите среќни еден на друг, љубов ќе водите редовно дури и по десет години.

Ќе се обидете да го промените
Баш како што се плаши дека со текот на времето ќе се изладите еден од друг, така има и страв дека ќе сакате да го промените. Кога ќе започнете врска и двајцата се трудите да се прикажете во најдобро светло, но со текот на времето станувате поопуштени и вашите темни страни излегуваат на виделина. Или ќе се прифатите такви какви што сте или откажете се од врската што е можно порано.

Нема да имате приватност и време за себе
Веќе на самиот почеток дружењето со момците ќе се намали па се плаши дека со влегување во брак тоа ќе ескалира. Можеби некогаш ќе му приговорите за тоа што седи на компјутер или што ќе излезе со момците на пиво, наместо да ви помага околу децата, но треба да сфатите дека и на двајцата ви е потребни одмор од врската, односно време насамо.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...