Wednesday, 26 September 2012 12:22 Љубов & Секс

Вчера се беше во ред, денес веќе нема со кого да седите во љубовните седишта во кино? Лаура Пах, стручњак за врски и авторка на книгата "Fight less, love more" објаснува кои се стравовите кои се најчести кај жените кои само што запливале во соло водите...

Засекогаш сама
Првиот и најголем страв на повеќето жени е тој дека по прекинот ќе останат без партнер до крајот на животот. Овој страв може толку да парализира, што жените навистина подсвесно се борат против новите љубови. Од овој страв може едноставно да се ослободите. Ова не е вашиот прв прекин а веројатно ни последен. Секогаш може да најдете некој нов, само треба да се отворите за нови луѓе.

Јас не вредам
Повеќето оставени жени го сметаат прекинот нешто за што самите се винови, а кај многумина од нив ќе се развие и чувството на мала вредност. Без оглед на тоа кој е виновен за прекинот, ова е време за нови почетоци. Ако навистина чувствувате дека треба да работите на себе, ова е идеална прилика да почнете од нула.

Промената е лоша
Кога ќе навикнете на нешто, тешко е да се помирите дека тоа нешто веќе го нема. Вашето момче до вчера беше ваше рамо за плачење, а сега, кога најмногу ви треба, не може да му се јавите. Ова е време за повторно поврзување со пријателите, откривање нови интереси и хоби и напуштање на старите навики. Штом ќе се ослободите од навиките и ќе најдете некоја нова занимација, ќе сфатите дека промената воопшто не е лоша, туку дека токму тоа ви било потребно.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...