Friday, 21 September 2012 11:26 Љубов & Секс

Една третина од жените чувствуваат носталгија кон сексот со својот поранешен партнер, покажува истражувањето на сајтот Lovehoney, најголемиот сајт за продажба на секс играчки...



Жените страдаат по поранешниот повеќе од мажите, како 38% од жените изјавиле дека најдобриот секс им бил со поранешниот партнер. Само 29% од мажите чувствуваат носталгија кон сексот со својата поранешна партнерка.

Истражувањето покажало и дека, не сите луѓе се женат поради добриот секс. "Жените не секогаш се мажат за мажот со кој имале најдобар секс. Тие се мажат, предводени од "чувствителни" знаци како, дали тој ќе биде верен и добар татко ", вели сексологот Трејси Кокс, која има сопствени колумни во сајтот.

62% од жените и 71% од мажите, сепак изјавиле дека, имале најдобар секс со сегашниот партнер или партнерка.



Истражувањето исто така покажува дека според учесниците љубовта е од суштинско значење за добар секс, како 44% од жените и 41% од мажите изјавиле дека, токму љубовта го направила сексуалното искуство толку добро.

Мажите сепак повеќе сакаат да пробат нови работи во спалната соба, како 26% споделуваат дека експериментирањето го направил сексот неверојатен, спрема 17% од жените.

Друг изненадувачки факт е дека жените не се толку заинтересирани за секс играчките како мажите. 25% од претставниците на посилниот пол ги сметаат за важни во однос на 14 проценти од жените.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...