Thursday, 13 September 2012 12:38 Љубов & Секс

Сексот може да предизвика "извонредни" реакции кај жените, вклучувајќи го и тоа да ја промени плодноста, имунолошкиот им систем, либидото, исхраната и навиките за спиење, така што активира различни групи гени, покажува истражувањето...

Научниците истражувале овошни мушички, но тврдат дека откритието им важи и за други животни, вклучувајќи ги и луѓето.

Научниците од универзитетот во источна Англија истражувале како овошните мушички реагираат при парење. Тие утврдиле дека еден протеин, заеднички во семената течност, предизвикува широк спектар на реакции во многу гени на женките кои се пројавуваат во различно време и во различни делови на нејзиното тело после парење.

"Веќе е познато дека протеините на семената течност пренесувани од мажите за време на парење, предизвикуваат забележителни последици кај жените, вклучувајќи ја промена на исхраната, имунолошкиот систем, навиките за спиење, водниот баланс и желбата за секс. Ние ги истраживме последиците од еден мистериозен протеин во семената течност, познат како "секс пептид", и откривме дека тој менува забележителен број гени кај женките, како во времето, така и во различни делови на телото. Забележани се значителни промени во гените поврзани со развојот на јајце клетките, имунолошкиот систем, исхраната , однесувањето ", соопшти раководителот на истражувањето проф Трејси Чепмен.

Истражувањето покажало дека протеинот во семената течност е "главен регулатор", што во крајна линија значи дека мажите имаат директно и глобално влијание врз однесувањето и репродуктивниот систем на жените.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...