ВИЦ
Радоста кратко трае ТОП ВИДЕО |
Thursday, 06 September 2012 12:25
Љубов & Секс
И мажот и жената може да направат животот под прекривката да стане повозбудлив. Секогаш се сметало дека мажите се "природни", а жените - помалку опуштени. Вистина е! Затоа ќе му помогнеме на понежниот пол да се опушти со овие три совети...
1.Потикнете ја неговата желба.Природниот сексуален инстинкт на мажот е директно поврзан со визуелната страна на нештата. Значи, прво погрижете за својот изглед. Понекогаш тоа е тешко, бидејќи е поврзано со време, но вашите напори ќе бидат наградени. Бидете беспрекорна од глава до пети. Заборавете на топлата пижама и купете си нешто лесно и свилено! Свилата исто топли, но е многу поелегантна и пријатна за допир. Она што ќе го подлуди сигурно се чорапите со жартиери и чевлите на високи потпетици. Точно дека е малку тривијално, но сепак пали! Пробајте различни модели и одберете ги оние со кои ќе се чувствувате удобно. 2.Изненадувајте. По неколку години семеен живот, ноќите почнуваат да минуваат на ист начин. Како да се излезе од рутината? Интимността е нешто што се создава од две лица. Обидете се да го изненадите вашиот партнер. Зошто да не си создадете таен код - на пример дека носењето на одреден накит или додаток значи подготвеност за секс. Така ќе се создаде претходна атмосфера, а и ќе ја пробате неговата подготвеност. 3.Не плашете се да давате предлози. Жените се воспитани да ги кријат најинтимните желби. За среќа, тоа веќе се менува. Ако вашата врска е добра и имате доверба, користете поволна клима за да комуницирате и со зборови! Нурнете во најголемите тајни фантазии и споделете ги со него. Ова ќе му ласка и ќе го натера да се чувствува силен. Едноставно кажете му: "Знаеш, многу би сакала да се обидеме како е со некоја секс играчка. Што ќе кажеш? " |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|