Thursday, 06 September 2012 10:23 Љубов & Секс

Тоа што правел и со кого бил пред да те запознае тебе е негова работа. Но, ако си дознала нешто што навистина ти смета и незнаеш да се носиш со добиените информации што се однесуваат на неговото сексуално минато, ти претставуваме неколку работи кои ќе ти ја олеснат ситуацијата...

Прифати ја неговата приказна
Освен информацијата за полово преносливи болести, неговата приказна за поранешниот сексуален живот не би требало премногу да те интересира. Ако тој сам почне да ти кажува за своите поранешни искуства - прифати ги, а ако за тоа не сакаш да слушаш - кажи му. Само биди свесна за фактот дека сето тоа се случило пред ти да бидеш во игра.

Повеќе искуство - подобар секс
Иако нужно не мора да биде така, повеќе акција во минатото веројатно ќе резултира со подобар љубовник кој ти моментално го имаш во твојот кревет. Сметај се за среќна затоа што не мора ти да бидеш таа која со него поминувала низ "неспретната" фаза.

Не може да го избрише своето минато
Што точно очекуваш од својот партнер? Да се врати во минатото и да го избрише? Со оглед на тоа дека знаеш сама дека е невозможно, едноставно мора да научиш да се справиш со тоа. Немој да го казнуваш за нешто што не може да се промени.

Се заситил
Фактот дека некогаш бил промискуитентен не значи дека сега мора да се грижиш поради неговиот незаситен сексуален апетит. Постои можност дека се заситил од се и дека има желба да се смири. Не мора да се плашиш дека ќе те остави за 45-тиот роденден, ќе купи мотор и ќе одлучи да се журка со стриптизерки.

Не заборавај дека тоа е твој проблем
Иако твојот партнер треба да има разбирање за твојата несигурност, не значи дека притоа треба да чувствува вина. Твојата љубомора е твој проблем. Да бидете во врска и цело време да се лутите, навистина нема смисла.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...