И покрај тоа што секој човек има секс, не секој е свесен за митовите поврзани со него...
Често луѓето остануваат со погрешен впечаток за работите поради порно филмовите, разговорите со пријатели и ред други причини. Па затоа би било добро да разберете кои се 10-те најраспространети митови во сексот и дали меѓу нив се кријат и некои вистини.
Има храни, кои го зголемуваат либидото
Се зборува дека афродизијаците навистина создаваат ресположение и желба за секс, но научни докази за тоа всушност нема. Интересен е фактот дека, можно е човек да вкуси некоја храна, да ја поврзе со некаков еротски момент и тоа да го натера да се возбуди. Очигледно секој човек си има свој афродизијак.
Мажите почесто имаат желба за секс
Врз либидото на мажите и жените влијаат различни фактори, како ненаспаност, стрес, проблеми со здравјето итн. Влијание има и самодовербата, како и до кој степен сме привлечени од човекот до нас. Никој не е подготвен да има секс 24/7, но некои луѓе почесто имаат желба, а тоа не зависи од полот.
Нема како да забремени, ако се прекине сексуалниот однос пред ејакулација
Овој метод за заштита од несакана бременост е исклучително несигурен. Дури и момчето да може да се контролира и секогаш свршува надвор од својата девојка, пред тоа има пенисот лачи ејакулациона течност во која се содржат сперматозоиди, кои се погодни за оплодување.
Статистиките покажуваат дека, една жена од секои пет парови кои го практикуваат овој метод, забременува во рок од 12 месеци.
Затоа не ризикуваат и користете сигурни методи за заштита од несакана бременост.
Оралниот секс не е толку опасен како вагиналниот
Младите сметаат дека, ако оралниот секс не доведува до забременување, не се пренесуваат болести и тоа го прави безбеден. Всушност, тоа не е точно. Сосема е можно за време на орален секс, партнерот да се зарази. Кај него се разменуваат телесни течности и во присуство на мала раничка во устата или грлото може да се пренесе некоја болест и/или инфекција. Затоа, не изложувајте го вашето здравје на ризик кога го задоволувате вашиот партнер, користете заштита.
Добриот секс си доаѓа сам по себе
Тоа е така само во еротските и порно филмовите. Во животот, многу ретко се случува две лица за прв пат да имаат секс заедно и да си одговараат целосно. Прво треба да се запознаат, да разберат што им прави задоволство и со текот на времето работите во креветот ќе стануваат се подобри. Затоа, не срамете се да водите такви разговори со партнерот, зашто колку повеќе знаете еден за друг, толку поголемо задоволство ќе причините.
Предвремената ејакулација се среќава само кај младите момчиња
Факт е дека овој проблем ги засега главно момчињата кои штотуку влегуваат во овие води. Но, сепак тоа може да им се случи и на поискусните мажи. 30% од претставниците на посилниот пол барем еднаш во животот го имале овој непријатен проблем. Ако ви се случува премногу често, посетете специјалист.
По одредена возраст сексот останува во заден план
За да се радува човек на своето здравје, тој мора да води здрав живот. А тоа вклучува и редовен сексуален живот. Точно е дека со годините либидото се намалува, но тоа може да се случи и во порана фаза од животот. Луѓето кои често паѓаат во депресија или имаат хормонални проблеми, поретко имаат желба за интимност. Проблемите со комуникацијата исто така имаат своето влијание. Ако чувствувате дека веќе извесно време немате желба за секс, посетете лекар и размислете дали работите во приватниот живот се во ред.
Големината е важна
Всушност тоа е уште една заблуда. Големината не е важна, важна е техниката. Не мислете си дека ако сте надарени и сте богови во креветот.
Не е убаво да си фантазирш за други луѓе по време на секс
За некои луѓе тоа е нешто нормално, за други неопходно, но според некои тоа е еднакво на неверство. Но не треба да чувствувате вина доколку сте верни на вашиот партнер или партнерка, се сакате но покрај тоа понекогаш размислувате за некоја позната личност.
Нема маж кој НЕ мастурбира
Колку и да звучи чудно, всушност 5% од претставниците на посилниот пол не се самозадоволуваат. Тие преферираат вистински секс пред маастурбирањето.
И на крај и жените се самозадоволуваат но за разлика од мажите, тие не признаваат дека го прават тоа.