Thursday, 27 August 2009 20:35 Љубов & Секс
Зошто не смеете да признаете дека сте ја изневериле вашата партнерка...

 

Се напивте, ја изневеривте вашата најмила и сега ви е жал! Ве мачи чувството на вина и поради тоа сакате да и признаете и да побарате простување. Престанете!

...затоа што тоа беше само летна авантура...

Двајцата се напивте малку, летаа искрички, а вие ја искористивте шансата. Наредното утро ја сфативте грешката, но тоа што се случило, се случило. Убедени сте дека никогаш повеќе нема да направите такво нешто. Навистина, зошто да признаете на вашата партнерка дека сте ја изневериле со некоја девојка, кон која ништо не чувствувате и со тоа да ја изгубите можноста за љубов со некој за кој навистина се грижите!?

...затоа што таа воопшто не сака да знае...

Иако е факт дека во цврстите врски нема место за меѓусебни тајни, па искреноста е најважна од се. Во тој случај тоа морате да го занемарите. Всушност, жените немаат појма што ги чека ако мажите станат брутално искрени. Ако ги откриете своите надлабоки и најмрачни тајни, меѓу кои несомнено спаѓа и изневерувањето, нејзините чувства кон вас засекогаш ќе се променат. поштедете ја од болка и оставете ја во блажено незнаење. Ако не знаеш дека си ранет, не те боли!



...затоа што не сакате да си го загорчите животот...

И го признавте неверството, а таа по неколку месеци оправдување некако успеа да ви прости. Само така ви се чини! Таа никогаш нема да заборави. Сигурни ли сте дека во текот на секоја караница нема да ви приговори? Тој момент на слабост цел живот ќе виси како облак над вашата глава, а таа ќе има оправдување и против-аргументи за секоја своја грешка.

...затоа што ќе ви се одмазди...


Навистина се ретки жените кои успеваат да ја отфрлат идејата за одмазда. Откако ќе уништат неколку работи кои вам нешто ви значат, најверојатно ќе им дојде идеја да ви вратат мило за драго. На ист начин - жежок секс со некој соработник. И притоа не заборавајте дека за вас знае многу ситници и тајни, што ништо нема да ја спречи да ги употреби против вас.



...затоа што најверојатно ќе ве напушти...

Ова всушност е најверојатното сценарио. Повредена, во шок, бес и без надеж, одеднаш ќе сфати дека со вас веќе не може да биде. Со себе ќе ги однесе сите скапи работи и на своја страна ќе ги повлече сите ваши заеднички пријатели. На крај, да се живее со лоша совест и не звучи лошо!

...затоа што ја сакате...

Тоа веројатно е причината поради која сте во врска. Убедени сте дека ја сакате, иако тоа го покажувате на малку необичен начин, затоа што, да не е така тогаш не би имале чувство на вина. Расчистете ја сметката на тој начин што ќе станете уште подобар партнер и ќе покажете колку ви значи.



...затоа што би признале поради себични причини...

Вашето признавање е само во ваша корист. Ќе се ослободите од тежината која ве мачи цело време, а нејзе ќе и овозможите да се мачи со чувството на безнадежност и невера со кои ќе биде преплавена. Направивте грешка, и треба да живеете со тоа!

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...