Љубовната ситуација во која моментално се наоѓаш не е задоволителна? Наместо за својата "несреќа" да го обвинуваш целиот машки род, провери дали можеби проблемот е токму во тебе...
Тој е премногу...
Се секој нов тип доаѓа и ризик од разочарување - без оглед дали станува збор за одбивање или пак сфаќањато дека не ти се допаѓа толку колку што си сакала. Дури и кога ќе се одлучиш да го дадеш својот број и да отидеш на состанок, полека на виделина излегува твојот мал психоаналитичар кој едноставно не може да замолчи. Низ глава почнуваат да ти се вртат најразлични мисли поради кои на крај ќе дојдеш до заклучок дека најдобро би било да не се гледате веќе, затоа што е "очигледно" дека нема добро да се согласувате.
Moра да бидам во врска за да бидам среќна
Верувале или не, една од работите поради која сте сама е очајната потреба да бидете во врска. Никој не сака да игра улога на спасител и да биде единствената смисла на твојот живот. Како што ти не сакаш фраер кој постојано ќе се лепи на тебе, така и тој не сака девојка која нема да знае да живее без него.
Веќе нема квалитетни машки
Не е фер да го осудувате целиот машки род поради неколку лоши искуства кој сте ги доживеале на своја кожа. Тоа што твоето момче те изневери или тоа што немаш отидено на добар состанок веќе неколку месеци не значи дека ги снемало добрите мажи.
Повторно ќе ги правам истите грешки
Веројатно имаш некои лоши навики кои уништиле врска, две три. Можеби премногу бараш, стануваш контрол манијак или прељубоморна? Ако сте дошле до заклучок дека вашите маани се одговорни за распаѓањето на врските а не мажите со кои си била тогаш си на добар пат.
Не му се допаѓам доволно
Мислиш дека не му се допаѓаш затоа што на твојата порака не врати веднаш или не те повика на дружење со пријателите? Свртени сме кон носење прерани заклучоци, особено кога личноста не ја познаваме доволно. Тоа што не вратил веднаш на твојата порака не значи апсолутно ништо, има милион причини поради кои се случило така. Овде нема место за претпоставки.
Не сум материјал за мажење
А што точно би требало да биде "материјал за мажење"? Девојка која совршено готви, чисти, пегла, пере и секако води љубов? Совршена девојка не постои како што не постои ни совршен маж. Сите ние сме чудни на свој начин. Треба само да најдете некој на кого нема да му пречи тоа и на кого вашите маани ќе му бидат симпатични.
Фокусирана сум на кариерата
Љубовта и кариерата не се меѓусебно поврзани поими. Еднаш кога ќе сфатиш, ќе биде поотворена кон потенцијалните врски и момци кои исто така, баш како и ти, мометално се ориентирани на кариерата.