Wednesday, 22 August 2012 09:14 Љубов & Секс

Ретко која врска е идеална, и во секоја постојат кавги и напнати ситуации, но тоа се работи кои лесно можат да се пребродат. Сепак, некои ситуации се како создадени за уништување дури и на најдобрите врски...

1.Премногу критики, премалку пофалби
Вашето момче ќе греши, ќе грешите и вие, а иако е сосема нормално меѓусебно да се критикувате, треба да внимавате на размерот меѓу критиките и пофалбите. Врската полна со критизирање, особено кога не треба, ќе го излуди секого, а повреденото его сигурно не е нешто што ја прави врската поцврста.

2.Повикување на грешките од минатото
Дури и ако дошло до неверство, ако во еден момент сте се договориле дека ќе преминете преку тоа, немате право да го споменувате кога и да ви текне како аргумент во кавга. Ако лицето кое згрешило постојано се труди да ја поправи грешката, а другиот постојано го потесетува на тоа, се создава нездрава атмосфера во врската.

3.Депресивни сте
Ако тој постојано е во депресија, а не бара помош, многу бргу депресијата ќе ја пренесе и на вас. Резултат - тажни, уморни луѓе кои немаат сила да се борат ниту за себе, а не пак за осптанок на врската.

4.Одбивање на конструктивни критики
Критизирањето без покритие е едно, но ако вашето момче само сака да објаси како да бидете подобра особа, заслужува да го ислушате. Одбивањето на неговите корисни совети ќе ве повреди и вас и него, и двајцата ќе биде лути, иако вистинската намера била сосема друга.

5.Очекување совршенство
Сите сакаме совршена врска, но повеќето од нас се свесни дека такво нешто не постои. Ако цело време му замерувате на партнерот затоа што не се вклопува во вашата идеа за совршен тип, ги пропуштате сите оние добри страни на врската во кои би можеле да уживате.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...