Tuesday, 21 August 2012 10:16 Љубов & Секс

Секоја жена во еден период од животот била сингл, и секоја барем на една пријателка, во добра намера, почнала да и дели совети како да запознае некој нов. Ова се најлошите од нив...

Запиши се на салса
Аргументот е секогаш сличен на ова: "Ќе запознаеш куп нови луѓе, ќе се забавуваш, а можеби ќе запознаеш и некој супер тип" - советот кој во романтична комедија би резултирал со наоѓање на принцот на бел коњ, во реалноста не носи на часови по салса каде доминираат жените, затоа што и тие ги послушале своите пријателки.

Биди отворена, но не премногу
"Мораш да бидеш доволно отворена за луѓето да ти пријдат, но не премногу, затоа што ќе делуваш очајно" - совет кој ни праќа збунувачки сигнали и нам, и на луѓето кои можеби би ни се приближиле. Резултатот од ваквиот совет е испран мозок и неприродно однесување.

Сакај се себе, инаку никој нема да те сака
Да се сакате себе во секој случај е пожелно, но тоа може да биде доста опасно подрачје, особено на првиот состанок. Девојката која премногу се сака самата себе, понекогаш ќе делува наметливо и арогантно, што нема да помине добро.

Облечи нешто црвено
Истражување од 1993 покажало дека мажите сакаат жени во црвено, затоа што праќаат порака дека се слободни за секс, но воедно и предизвикуваат потреба за барак со мажот. Ваквиот совет често е поткрепен со научни факти, но факт е дека и тие се менуваат на месечна база. Наш совет - не земајте модни совети од научници.

Дај му шанса
Првиот состанок не беше добар? Дај му уште една шанса. Оди на втор, на трет. Мажи се за него, можеби ќе го засакаш. Мажите никогаш не добиваат вакви совети, нивните пријатели ја следат оваа логика - "Не ти се допадна? Ок, продолжи понатаму."

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...