Saturday, 11 August 2012 11:49 Љубов & Секс

Секоја врска или брак имаат свои подеми и падови, страствени епизоди и филмски кадри во кои не недостасува драма, солзи и сокршени садови. Но, со љубов и доверба секоја приказна е со среќен крај. Во случај да почнете да сомневате во својот партнер, обратете внимание на одредени знаци кои би можеле да укажуваат на неверство...

1.Ви посветува помалку внимание
На почетокот на неверството партнерот ќе покажува зголемен интерес за сопругата или девојката и тоа поради грижа на совеста. Но, по извесно време го прифаќа двојниот живот кој усешно го води, ќе почне со занемарување, сарказам и наоѓање грешки кај партнерката.

2.Неговиот мирис
Токму мирисиот е тој кој ја буди женската интуиција. Доколку партнерот дојде дома не мирисајќи на својот парфем и веднаш отиде под туш, што не е негов вообичаен ритуал, имате право без многу размислување да му поставите неколку прашања.

3.Промена на изгледот
Зачестеното одење на фризер, редовното бричење и обновувањето на гардеробата би можело да упатуваат на освежување на изгледот на вашиот партнер, но исто така можеби сака на некој друг да му се покаже во најдобро светло.

4.Продолжено работно време
Веќе навикнавме дека официјалниот завршеток на работното време не е и мометот кога си одиме од работното место. Намелниот број на работници, проекти кои мора да бидат завршени, незаинтересирани колеги се ситуации во кое речиси сите сме се нашле, па можеби и вашиот партнер. Но доколку продолженото работно време му стане секојдневние, можно е да станува збор за "работа со некоја друга колешка", а не извршување на работни обврски.

5.Приватен телефонски разговор
Ако ви се ближи роденденот и вашиот партнер излегува од соба кога разговара на телефон, а на прашањето со кого зборувал ви одоговара магливо, можеби ви подготвува забава. Но, доколку родеденот ви е далеку тогаш бидете внимателни, можеби ви подготвува некое непријатно изненадување.

6.Сурфање на интернет во доцните часови
Се сомневате ли во пречестото проверување на друштвените мрежи, звукот од четување или пак наглото исклучување на веб страната на која се наоѓа, прашајте го партнерто зошто толкава таинственост.

7.Голема промена во сексуалниот живот
Неверникот се познава во сексот. Пречестото водење љубов во кое воведува нови пози и експериментира со некои за вас непознати пристапи, или пак незаинтересираноста за вашиот сексуален живот, докажуваат дека дошло до сериозни промени во вашиот однос.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...