Wednesday, 08 August 2012 14:24 Љубов & Секс

Веќе знаеме дека храната што ја јадеме е директно поврзана со тоа како се чувствуваме. Тоа секако го вклучува и либидото. Ви претставуваме топ 10 авдродизијаци кои треба да се најдат на вашата чинија...

10.Аспарагус. Аспарагусот е извонреден извор на калиум, влакна, витамин Б6, витаминте А и Ц, тиамин и фолна киселина. За него се вели дека го потикнува производството на хистаминот кој им е потребен и на двата пола за да дожиеват оргазам.

9.Бадеми. Тие секогаш се сметани за симбол на плодноста. Научниците тврдат дека бадемите изобилуваат со витаминот Е, магнезиум и влакна.

8.Авокадо. Кога ќе го видите обликот на авокадото, веднаш ќе ви стане јасно зошто го поврзуваат со сексуалноста. Покрај тоа, авокадото е богато со фолна киселина, витамин Б6 и калиум така што го јакне имунитетот.

7.Банани. Исто како и авокадото, со оглед на обликот, бананата не може а да не се поврзе со сексот. Освен сугестивниот облик, бананата е послна со калиум, магнезиум и витамин Б, а наводно поради некои минерали и езими го крева либидото.

6.Босилек. Овој зачин не само што има супер мирис и на секоја храна и дава фин вкус, туку е и многу здрав. Неговата арома наводно има афродизиски својства и е јако стимулативен. Босилекот во сос за тестенини може да ви ја забрза работата на срцето. Можеби затоа италијаните се познати како заводници.

5.Чоколада. Чистата чоколада е кралица на природните афродизијаци. Содржи спој на анандамид кој е психоактивен хемиски "feel good" спој како и фенилетиламин или т.н. "љубовен спој", затоа што ослободува допамин во оние центри на мозокот кои се одговорни за уживање во текот на оргазмот. Фенилетиламинот помага во јакнење на чувството на возбуда, привлечност и еуфорија. Исто така содржи и триптофан кој е основна состојка на серотинот кој помага во опуштање и самодоверба.

4.Смокви. За ова секси овошје долго време се смета дека стимулира возбуда, а уште повеќе со тоа што отворената смоква потсетува на женски полов орган. Смоквите се едно од најстарите овошја, со оглед на тоа дека Адам и Ева своите интимни делови ги криеле токму со лисја од смоква.

3.Лук. Знаеме дека има...истенчен вкус но важно е тоа што е силен а такви ги прави и оние кои го конзумираат. Преполн е со алицин кој го јакне протокот на крв. Посебно се препорачува за мажите.

2.Остриги. Кога некој ќе каже афродизијак, вика кажете остриги. Намирница која се прославила со нејзината секси репутација како стимулатор на страста. Остригите можеби дошле до таков глас затоа што се полни со цинк кој помага при производство на сперма и го крева либидото.

1.Мед. Сладок и леплив медот е одличен извор на бор, минерал кој му помагаат на телото во користење на естрогенот - женскиот хормон за секс. Истражувањата исто така покажаа дека овој минерал го крева и нивото на тестостеронот во крвта кој е одговорен за сексуалниот нагон и оргазмот кај мажите и жените. Освен наведеното, медот содржи и витамин Б кој е потребен за тестостерон.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...