Ги сакаме мажите и знаеме дека не можеме да живееме без нив. Но, во последно време постојано наидуваме на студии, кои покажуваат дека жените имаат некои одлични способности кои им недостасуваат на посилниот пол. За вас ги одбравме најинтересните од нив:...
1.Еволуираат поубаво
Неодамнешно истражување откри дека жените стануваат се поубави, додека мажите си остануваат исти.Се покажало дека убавите жени имаат 36% поголема шанса првото дете да им биде девојче. Сите овие прекрасни ќерки го зголемуваат бројот на убавите жени во однос на минатите генерации.
2.Почесто преживуваат во несреќи
Според истражувањето на Универзитетот Карнеги Мелон, шансата маж да загине во несреќа е 77%. Тажно, но факт. Дури и во несреќи се подобри!
3.Полесно бараат помош и утеха
Анкетата на 2000 лица откри дека жените зборуваат за своите проблеми многу почесто од мажите. 53% од жените споделуваат со пријателите што ги загрижува, во однос на 29% од мажите.
4.Кризата не ги засега лично
Според статистиката во декември 2007 од лицата кои ја загубиле работата, 80% се мажи. Можеби причината е дека ударот беше најсилен во областите каде доминираат мажите - како производството и финансии.
5.Се хранат поздраво
Анкетата на повеќе од 14000 луѓе покажа дека жените избираат поздрава храна од мажите. Мажите би сакале да "лапнат" пица и црвено месо, додека жените ги полнат чиниите со овошје и зеленчук.
6. Поголем број жени имаат високо образование
Веќе сме свесни дека женски кандидати има повеќе од машки. Статистиката открива дека мажите поретко добиваат диплома. Исто така на мажите им треба повеќе од 5 години за да дипломираат.
7.Жените имаат посилен имунолошки систем
Ништо чудно што мажите се однесуваат како бебиња, кога имаат настинка - жените навистина имаат посилен имунолошки систем. Ако во женското тело се води некаква мала битка, тогаш тие имаат заштитата со тајното оружје - естрогенот, кој е верен сојузник во справувањето со инфекциите.
8.Жените се подобри управници
Ова тврдење е малку спорно, но многу експерти се убедени дека жените се подобри шефови, бидејќи се подобри слушатели, наставници, ги решаваат поуспешно проблемите и можат да се справат со многу задачи истовремено, за разлика од своите колеги мажи.
9.Подобри инвеститори
Истражување на 100 000 хартии од вредност покажа дека инвестициите на жените се враќаат поуспешно од оние на мажите. Можеби тоа се должи на наивната претпазливост при донесувањето на инвестициски решенија и на тоа што мислат повеќе за далечната иднина.
10.Живеат подолго
Според пописот на столетниците, 85% од луѓето над 100 години низ целиот свет се жени. Исто така, во целина жените живеат од 5 до 10 години повеќе од мажите.