Monday, 06 August 2012 09:29 Љубов & Секс

1 бакнеж е еднакво на 6 калории помалку и 1 минута повеќе живот.За целиот свој живот човек се бакнува во просек две недели. Иако некои, во името на рекордот, се бакнувале и по 30 часа без прекин. Ако бидат исклучени обидите да се влезе во Гинисовата книга на рекорди, се поставува прашањето, колку е корисно бакнувањето!? Истражувања во оваа насока воопшто не недостасуваат...

Од медицинска гледна точка овој ритуал без сомнение е корисен.
 
• Допирањето со усните е цел "букет" на сложени хемиски реакции. Најновите медицински истражувања покажуваат дека долготрајниот страсен бакнеж го зголемува пулсот до фреквенција дури над 100 и повеќе удари во минута и го зголемува нивото на хормоните во крвта на човекот до толку што може да го продолжи неговиот живот за 1 минута. При тоа за време на страсен бакнеж се губат приближно 6,4 калории (за 1 минута).
 
• Според психолозите, бакнежот го смирува нервниот систем и го спречува стресот. Луѓето кои сакаат да се бакнуваат, како општо правило се оптимисти, тие се убедени во своите сили и постигнуваат значајни лични и професионални успеси.
 
• Бакнежи со доволна должина подобро (од пример мастика) ја нормализира киселоста во устата. Односно бакнувајте се секој пат после јадење, човек има вистинска можност да го намали ризикот од појава на кариес.
 
• За време на бакнежот луѓето разменуваат 9 мг вода, 0,7 г албумин, 0,18 г органски материи, 0,7 г масти, 0,45 мг сол. Овие материи не само што го ублажуваат варењето, туку имаат и благотворно влијание на имунитетот.
 
Исто така не треба да се заборави дека со бакнежот може да се пренесуваат болести како херпес, хепатит А и Б,  и стотици различни бактерии, но за среќа 95% од нив не претставуваат опасност за здравјето на човекот.

Зошто луѓето почнале да се бакнуваат - до денес тоа нема некакво логично објаснување. Според некои на почетокот бакнежот била знак за доверба. Овозможувајќи да се приближат еден кон друг, луѓето така си покажувале дека не се плашат и целосно си веруваат. Додека во Древен Египет бакнежот најверојатно бил целосно непознат. Царицата Клеопатра, толку позната од литературата со своите победи кај мажите, никогаш не се бакнувала во вистинска смисла на зборот.
 
Римјаните во знак на поздрав се бакнувале еден на друг во очите. Тоа е во целосна спротивност со рускиот обичај очите да се бакнуваат при разделба. Во Средните векови во Италија мажот кој јавно ќе бакне девојка, бил должен да се омажи за неа, а Неапол бил познат по најстрогите закони: бакнувањето на улица во присуство на високо духовно лице можело да чини слободата, па дури и животот.
 
Процесот на бакнувањето има дури официјално научно име. Науката, која се занимава со изучување на бакнежите, се нарекува филематологија. Од 1981 година Светската здравствена организација исто така се занимава официјално со истражување природата на бакнежот. 6 јули од жителите на Велика Британија била предложен за Светскиот ден на бакнежот. Уште пред 20 години ОН официјално го признаа овој ден.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...