Thursday, 26 July 2012 09:32 Љубов & Секс

Се сеќавате на момчето кое го остави во основно училиште уште на првиот час, а веќе на паузата за одмор имаше ново? Некој може веднаш да скокне во нова врска, некој чека предолго, а иако е тешко да се одреди оптималното време кое треба да помине, стручњаците велат дека сепак постојат некои стандарди...

Само авантура
Летната авантура за која уште од почеток знаевте дека нема да потрае не бара многу време за заборавање. Да продолжете понатаму можете веднаш штом се вратите од летување, затоа што авантурата не влегува во категоријата на вистинска врска. Недостатокот на компликации ја прави летната авантура навистина привлечна, а на таквите "врски" секогаш ќе се сеќавате со насмевка на лицето.

Време за чекање до нова врска - недела дена

Година или повеќе
Ако вашата врска повеќе не функционира, мора да заврши. По финалниот разговор, можете да процените колку ќе се променат работите и во согласност со тоа да продолжите понатаму. Подолгите врски бараат повеќе време за заборавање, затоа што имаат многу спомени и моменти поради кои опоравувањето ќе ви биде отежнато. Се е индивидуално, но дури и ако по неколку недели влетате во нешто ново, никој нема да ве гледа чудно.

Време за чекање до нова врска - месец дена

Врска во која живеете заедно
Делевте се. Од местото во кое ги држите четките за заби, до финансии и домашни работи. Врската која подразбира заеднички живот подразбира и долго опоравување откако ќе заврши. После ваквата врска е добро да си земете малку време и да го согледате светот околу вас, за да може да сфатите што е тоа што го сакате.

Време за чекање до нова врска - околу 2 месеци, додека целосно не се средат работите

Брак
Ако врската во која живеете заедно е комплицирана, бракот е уште полош. Овде се имотно-правните проблеми кои секој развод ги носи со себе. Без оглед дали ќе се разведете мирно или бурно, секое случување ќе ви биде проблем кој ќе ве излудува и ќе ве попречува да започнете нова врска.

Време на чекање до нова врска - бракот е специфичен, па на некои ќе им биде лесно веднаш да влезат во нова врска, а некои ќе чекаат и по неколку години.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...