Monday, 23 July 2012 10:40 Љубов & Секс

Досадниот сексуален живот кој ве води во монотонија може да биде погубен, а неговото влијание лесно ќе се рефлектира и  на врската. Наместо да се препуштите на зевањето во кревет, воведете некои мали промени, и претворете го вашиот досаден сексуален живот во вистинска акција...

1.Воведете вибратор во приказната
Од вибратор се плашат само старите луѓе, а на многу парови иако не сакаат да признаат во друштво, им го променил сексуалниот живот. Многу мажи ќе се чувствуваат загрозени кога ќе видат подобра, поголема и поиздржлива верзија од себе, но кога еднаш ќе се навикнат на фактот дека вибраторот им ја олеснува работата, нема да сакаат да се ослободат од него.

2.Замаглен секс
Сцената од Титаник во која раката на Кејт Винслет остава трага на замагленото стакло на многумина им е во сеќавање, а секс во кој сте опкружени со пареа е секогаш возбудлив. Иако сауната би била подобар избор поради големата замагленост, сигурен и поефтин избор е вашата туш кабина. Недостатокот на свеж воздух во принцип не е баш пријатно чувство, но во комбинација со секс би можело да ве воодушеви.

3.Превземете контрола
Секоја чест на исклучоците, но голем број на жени секогаш се им препуштаат на мажите. Изборот на поза, интензитетот и ритамот не мора секогаш да бидат негови. Ако превземете иницијатива, се ќе оди онака како што сакате вие. За посилен ефект, врзете му ги рацете и доминирајте, барем една ноќ. Ви гарантираме дека нема никогаш да се препуштате само на неговите одлуки.

4.За добро утро
Мажите го обожуваат утринскиот секс, а на жените (повеќето од нив) во најголем случај им е сеедно. Тие сакаат да изгледаат убаво, да мирисаат убаво и да бидат свежи, што не е случај кај утринскиот секс, барем во повеќето случаи. Сепак, утринскиот секс е дефинитивно нешто што вреди да се воведе во вашиот дневен распоред. Вежбање, забава и мала валкана тајна поради која и двајцата ќе се смешкате на работа. Има ли подобар начин да се започне денот?

5.Облечете се за улога

Повеќето од нас, штом влезат дома после работа, на себе ќе ја навлечат удобната тренерка и ќе ја зачинат со најлошата фризура на светот. Наместо тоа, облечете нешто во што ќе се чувствувате секси. Пижама која паѓа, фустан во кој ќе ги истакнете облините или било што со кое не би отишле на теретана ќе биде сосем доволно за да се чувствувате секси, а таквата облека ќе ја соблечете многу порано од онаа во која сакате да чистите.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...