Tuesday, 17 July 2012 09:49 Љубов & Секс

Колку пати сме слушале изјави од типот "Наеднаш се промени" или "Порано не беше таков". Не, не се променил, всушност секогаш бил таков, но дури сега го покажува своето вистинско лице. Проблемот е во тоа што на почетокот сакаме да гледаме преку розови очила и да ги негираме недостатоците кои ни сметаат, затоа што сакаме да сакаме и да бидеме сакани. Сепак, постојат неколку знаци на узбуна кои не смеете да ги игнорирате...

Несовпаѓање
Дали имаш забележано дека твоето момче не се совпаѓа речиси со ништо. Често го менува работното место, пријателите, девојките? Иако нема ништо лошо во разноличноста, кај некои личности таквото несовпаѓање укажува на нестабилна особа. Ако мажот не може да остане посветен на нешто подолг временски период, веројатно има сериозен проблем. Во случај во неговиот живот никој да не се задржува доволно долго, веројатно нема ни ти.

Својата бивша ја изневери со тебе или ја остави поради тебе
Твоето момче било во сериозна врска во моментот кога сте се запознале и одлучил дека вие двајца треба да бидете заедно. Нема ли да се запрашаш дали и ти ќе ја доживееш истата судбина? Како што вели познатата изрека "Се се враќа, се се плаќа".

Не може да го задржи своето работно место
Знаеме дека економската ситуација е тешка и дека степенот на невработеност постојано расте, но постои голема разлика во неможноста за наоѓање работа и неможноста за задржување на постоечкото работно место. Никој не сака возрасен човек кој по цел ден се истега на кревет.

Индикации за манипулативно однесување
Поради љубовта стануваме чуствителни и ранливи, а едно лошо сценарио кое ќе го паметиш е она во кое срцето го поклонуваш на манипулативна особа. Ако забележиш дека новото момче ја користи твојата љубов и те тера да правиш она што тој сака, а кога не е по негово ти наметнува чувство на вина, веројатно со тек на време ќе се најдеш во "златен кафез" од кој ќе ти биде тешко да побегнеш.

Неговата бивша е честа тема на разговор
Ако го споменува (пре)често нејзиното име, веројатно неодамна излегол од врска, а својата бивша сеуште ја нема преболено како што треба. Тоа би значело дека ти си само девојка која ќе му помогне во тоа, а кога ќе ја преболи - веќе нема да му бидеш потребна.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...