Tuesday, 17 July 2012 08:39 Љубов & Секс

На почетокот во врската и двете страни се трудат да ја импресионираат онаа другата, но после одредено време, откако ќе се стекне сигурност, одредени работи почнуваат да се земаат здраво за готово, а трудот станува речиси непознат поим. Но, постојат неколку работи кои би сакале никогаш да не престанат да ги прават...

Мали поклони
Кога почнавте да одите секоја ситница го потсетуваше на тебе, почнувајќи од ЦД-ња па се до твоето најслатко чоколадо кои често ти го купуваше и ти го носеше дома. Таквите мали знаци на внимание ни даваат до знаење дека мислат на нас и дека се трудат да стават насмевка на нашето лице без оглед на тоа колку долго сме во врска.

Комплименти
Водевте љубов веќе безброј пати и сигурна си дека те смета за привлечна, но давањето комплименти не би требало да се сведува само на давање до знаење дека сеуште си му секси. "Денес си ми посебно убава" е реченица на која паѓаме секој пат кога ќе ја изговорат. Би сакале да знаеме дека нашиот изглед не го земаат здраво за готово туку дека со него сеуште го плениме нивното внимание.

Желба
Секако дека сексуалниот живот ви е добар, зашто во спротивно немаше да бидете заедно. Но, тоа не значи дека на сред филм сакаме да ја слушнеме реченицата "Сакаш секс?" Со таквиот пристап кажуваат дека и раката ќе им биде сосема добро решение во случај да не се наоѓаме покрај него во тој момент. Не очекуваме свеќи и dirty talk секоја вечер, но малку труд и спонтаност не би било на одмет.

Пораки
На почетокот едни на други се јавуваме по цел ден, дури и кога немаме ништо паметно да кажеме затоа што сакаме да и дадеме до знаење на личноста дека интензивно мислиме на неа. Откако почетната еуфорија ќе стивне, пишувањето пораки се сведува на една или две дневно, и тоа обично во предвиден контекст како извештај за тоа дека само што завршил со работа. Со целодневното допишување ќе се потсетите како ви беше на почетокот кога се возбудувавте при секоја порака која ќе ја добиете.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...