Wednesday, 04 July 2012 08:37 Љубов & Секс

При започнување на нова врска разумно е да се биде внимателен со поделбата на лични информации, но како минува времето така би требало да бидете поповрзани и подготвени да ги отриете сите работи кои до сега не сте сакалe или сте се плашеле да ги кажете...

Долгови или план да купите нешто големо
Ако сте во врска, ова за вас не важи, но ако плнирате брак или веќе сте во брак, би требало да знаете дека долговите и купувањето на големи работи не треба да се кријат од партнерот. Ако нависитна имате сериозни намери еден со друг, тогаш искреноста околу потрошувачките навики треба да си дојде природно. Меѓу другото, ако еден од вас има финансиски потешкотии партнерот е тој кој тоа прв ќе го почувствува на своја кожа.

Полови болести
Половите болести не се воопшто пријатна тема, но сеедно мора да "посегнете" по нив ако се грижите за лицето со кое сте во врска. Постои шанса дека ќе бидете оставени, особено ако станува збор за неизлечлива болест, но може и да се изненадите од реакцијата на партнерот ако тоа му го кажете на смирен и внимателен начин. Најпрво добро информирајте се за својата здраствена состојба, а потоа превземете некој чекор.

Нови пријатели од спротивниот пол
Да се биде во серизона врска не значи дека не смеете да имате пријатели од спротивниот пол, но доколку сте нашле некој нов најдобар пријател, вашиот партнер, сигурни сме дека би сакал да знае за него. Овде не мислиме на пријателите од времето кога сте биле заедно во градинка, туку на новопечени пријатели, кои од некоја причина имате потреба да ги криете од своето момче.

Друштвени мрежи
Многу жени всушност не знаат дека нивните партнери имаат профили на некои од друштвените мрежни, но знаете како велат - "работите не ги кријат само оние кои немаат што да скријат". Да, можеби се работи за некој голем проблем, но ако не сакате вашето момче да дознае за неколку отворени профили на Фејсбук, тогаш веројатно се работи за тоа дека сакате да ја сокриете интеракцијата со одредени лица.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...