Friday, 29 June 2012 09:04 Љубов & Секс

Нема да ви кажеме дека тоа се правила кон кои мора да се придржувате, но ќе ви кажеме дека се грешки кои не би требало да ги правите. Првиот впечаток е важен, а еве како да не го упропастите...

Не споменувајте секс
Не само затоа што ситуацијата ќе биде непријатна, туку затоа што повеќето родители не сакаат да слушат такви работи. Особено не од вас.

Не споменувајте брак
Дури ни тоа дали сакате некогаш да се мажите. Тоа не е нивна работа ниту нешто што со нив треба да го споделите.

Религија
Замислете ако тие се големи верници а вие на првиот семеен ручек кажете дека не верувате во Бога, не одите на црква, не ги славите верските празници или слично. Немојте да си создавате непријатели уште од самиот почеток. Никогаш не знаете дали седат фанатици од другата страна на масата.

Политички ставови
Исто како и религијата. Ако ви одговара либералната демократија, а тие се конзервативни , големи се шансите дека нема да добиете најдобро парче месо за ручек.

Внуци
Прво ќе помислат оти сакате да им кажете дека нивниот миленик со својата девојка не користи заштита, а потоа дека се старци и дека е време за количка. Никако! Се зависи од тоа дали сте се соочиле со духовити или тешки луѓе, но додека не го проучите теренот на овој начин немојте ниту да се шегувате.

Декорации и ентериер
Ако не ви се допаѓа подобро да молчите. Тоа што тие се ретро, а вие урбани не значи дека треба да ги критизирате. И вие ним сте им смешни, но најверојатно ќе ја прескокнат вашата пола избричена глава или обетката на јазикот и тоа нема да го коментираат пред вас.

Цврсти ставови и конфликти на мислења

Ова не значи дека треба да им се смеете на се што ќе кажат, но немојте да се расправате и постојано да им кажувате дека грешат. Ако немате нешто убаво да кажете, подобро да молчете. Само позитивно и без навреди и некои драстични ставови.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...