Monday, 18 June 2012 13:16 Љубов & Секс

Ако каже дека не сигурен што ќе јаде, всушност чека да види колку можете да потрошите, ако зборува дека не сака ништо сериозно, потајно се надева дека вие сте онаа вистинската...

Првиот впеаток е најважен при запознавањето, а за на првиот состанок да се покажат што поинтересни луѓето ќе ја заобиколат вистината или едноставно ќе излажат. Но таквото однесување во иднина би можело да им удри во глава во случај врската да се претвори во нешто сериозно.

"Не сум сигурен што да јадам, што ќе порачаш ти?"
Во превод ова значи дека многу добро знае што да јаде, но ќе почека вие да одлучите за да знае колку и што сакате да јаде и колку тоа задоволство ќе го чини.

"Никогаш не го проверувам Фејсбукот"
Ова изјава сама по себе звучи сомнително затоа што истражувањето потврди дека повеќето луѓе го проверуваат својот профил дури неколку пати на ден. Тој само сака да го сокрие фактот дека веќе ве "гугнал" уште пред да излезете на првиот состанок.

"Од музика слушам апсолутно се"
Иако најверојатно обожува шлагери, се срами да признае, па барем на почетокот на врската ќе остане неодреден. Ако започнете врска немој да се изненадите ако не делите ист музички вкус.

"Изгледам супер? Благодарам, дојдов право од работа"
Најлесниот пат до женското срце е комплиментот, но таа сигурно нема да признае дека пред да дојде на состанок поминала повеќе до половина час во тоалетот разубавувајќи се.

"Ова ми е прв состанок со некој што сум го нашол на интернет"
Иако ова веројатно му е трет состанок, не сака да остви впечаток на "очајник" кој може да запознава жени само преку интернет. Можеби работното време едноставно не му дозволува излегување, па својата среќа ја бара онлајн.

"Имам доаѓано овде неколку пати"
Ако ви е чудно што келнерите веќе го знаат по име, тоа најверојатно е затоа што во истиот ресторан ги носи сите девојки. Ова е негова сигурна зона во која не е под толкав притисок. А ако му се испушти изјавата - бев пред некој ден на вечера со пријателка - имајте на ум дека всушност бил на состанок.

"Не мора да ме испратиш, можам сама"
Ако девојката со која сте излегле сака да си оди сама дома, тоа е јасен знак дека состанокот не се одвивал по очекуваното. Всушност во текот на целиот состанок размислувала дали некогаш ќе заврши, па со задоволство би одела сама и до крајот на градот наместо да  дозволи вие да ја испратите.

"Сакаш ли да ја поделиме сметката?"
Ова прашање го поставува секоја девојка, но тоа не значи дека треба да прифатите. Излегувањето не треба да биде скапо, но од мажот се очекува да ја плати вечерата. Трошоците се делат со пријателите, но на првиот состанок дајте до знаење дека сте кавалер.

"Не барам ништо сериозно"
Малку се оние кои се забавуваат излегувајќи со партнери кои ни малку не им одговараат, па затоа so неговата изјава дека не бара ништо сериозно, го прикрива тоа што потајно посакува вие да сте неговата сродна душа.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...