ТОП ВИДЕО |
Friday, 01 June 2012 20:02
Љубов & Секс
Здравиот сексуален живот е еден од условите за долг и среќен брак... На почетокот на бракот или врската партнерите едноставно не можат да се заситат еден со друг. Сексот е чест, страстен, партнерите почесто експериментираат, но како што одминуваат годините, така интимните односи се се поретки и поретки, се додека еден ден во потполност не исчезнат. Бидејќи многу брачни советници велат дека здравиот сексуален живот е клуч за хармонија и среќа во бракот или врската, еве неколку совети како да ја разбудите страста во спалната соба: Направете распоред - Претходно договорениот распоред на сексуални средби ќе ги намали изговорите како "ме боли главата", "уморен сум" или "морам да станам рано наутро". "Иако планирањето не е романтично, води кон квалитетно сексуално искуство", вели д-р Викторија Здрок Вилсон, авторка на книгата “The 30-Day Sex Solution”. Развијте меѓусебна доверба – Вистинското активно слушање на партнерот ќе ја зајакне меѓусебната доверба. Кога ќе постигнете ниво на кое и двајцата се чувствувате како сојузници, а не како непријатели, тогаш и поискрено, пострастно ќе водите љубов. Бидете брзи - Двојките чиј сексуален живот не страда дури и во најтешките услови "сексот на брзина" го имаат доведено до совршенство. Ако не знаете на што да ги искористите слободните 20 минути, нашиот совет е да го зграбите партнерот или партнерката и да внесете малку животинска страст во животот. Комуницирајте - Без разговор паровите не можат да дознаат што му треба на партнерот, во што ужива и што сака, но таквата детална размена на информации оставете ја за миговите кога немате секс. Сепак, во текот на акцијата можете слободно да кажете што сакате да ви прави партнерот и максимално да уживате. Експериментирајте - Пронајдете ја вистинската рамнотежа која ќе ви овозможи сексуално да се изразите. Немојте да бидете премногу конвенционални, а од друга страна не експериментирајте премногу за да не ја изгубите интимноста. Вежбајте - Ако изгледате добро, тогаш и одлично ќе се чувствувате во својата кожа. Исто така, физичката активност го зајакнува либидото, ја зголемува издржливоста и дава енергија, тоа се клучните елементи за квалитетна сексуална активност. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|