Кејт Ходсон и Метју Мек Конагеј направиле верзија на случувањата со кои губиш момче за 10 дена, но секое нормално момче може да те процени и многу побргу од тоа, па да "фати магла". Првиот состанок е клучен, а ова се некои од работите со кои сигуро ќе го избркаш од себе...
1.Зборуваш само за себе
Едно е да се претставиш, а друго е ако првиот состанок го претвориш во епска приказна за самата себе. Не мора веднаш да му кажеш баш се, остави го малку да размислува за тебе.
2.Зборуваш само за него
Ако постојано поставуваш прашања, ќе се чувствува како на испрашување. Прашај го тоа што те интересира, но ако видиш дека не сака да зборува за нешто, не иnсистирај.
3.Гледаш наоколу
На некои луѓе им е многу тешко да се концентрираат само на една работа, па така секој минувач е причина за вртење на главата. Момчето ќе мисли дека си незаинтересирана и непристојна, па пробај вниманието да го насочиш на него.
4.Зборуваш дека повеќе сакаш машко друштво
Девојките кои се дружат само со момчиња често се кул девојки со став, но мажите тоа го гледаат малку со други очи. Ако немаш ниту една другарка, тој ќе се прашува зошто е тоа така, па пробај да не нагласуваш дека си само за машко друштво.
5.Премногу пиеш
Прв состанок, а ти пиеш како да си на моминска вечер на својата најдобра другарка? Момците тоа никогаш не го сметаат за кул, а на тој начин сигруно ќе го избркаш.
6.Го спомнуваш бившиот
Прилично сме сигурни дека новото момче не го интересираат случувањата од твојата поранешна врска, барем не на првиот состанок. Ако твојот бивши слиучајно се "прошета" во разговорот, во ред, но ако цела вечер зборуваш за него, тешко дека ќе дојде до втор состанок.
7.Премногу се смееш
Момците сакаат девојки кои се смеат на нивите фори, но ако се смееш на сила, неприродно и премногу често, ќе знае дека нешто не е во ред. Во краен случај, ќе мисли дека е многу лесно човек да те насмее и дека ќе бараш некој нов предизвик.
8.Инсистираш да платиш
Иако сите зборуваат дека мажите ги ценат девојките кои ги плаќаат своите сметки, кај првите состаноци тие сепак сакат да се покажат како џентламени и да платат за двајцата. Девојката која ќе понуди да плати е кул, но девојката која инсистира на плаќање и не попушта додека не го добие тоа што го сака, ќе го уништи егото на момчето кој само сака да се направи фраер.
9.Зборуваш за работа
Дури и ако работите на исто место, подобро е разговорот за работа да го оставите на страна. Сигурни сме дека имате и други заеднички интереси, а ако немате, тоа веќе е нов проблем.
10.Ги броиш своите достигнувања
Убаво е да спомнеш тука и таму нешто на што самата си горда, но ако првиот состанок се претвори во набројување на работите кои те прават најкул на сите времиња, нема да му бидеш воопшто занимлива. Ако веќе сакаш да спомнеш нешто, чекај додека тој не каже нешто фанцинантно за себе, па вклучи се во разговорот. Само немој разговорот да го претвориш во натпревар.